Водата во Гостивар сè уште не е безбедна ниту за техничка употреба поради недостаток на хлор, вели Клековски

t

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска од Лешок информираше оти кризата со труењето од водата во Гостивар бележи надолен тренд и влегува во смирувачка фаза, а според најновите податоци, бројот на пациенти кои бараат лекарска помош е значително намален, со 80 новопријавени случаи во текот на денот, што е двојно помалку од претходните бројки, додека пак вкупниот број на заболени изнесува околу 4 000 лица.

Министерството за здравство и надлежните сега започнуваат со целосна епидемиолошка анализа за прецизно утврдување на хронологијата и одвојување на случаите од епидемијата од редовните гастроентеритични заболувања.

„Во моментот треба да почне да се прави раздвојување на тоа што е заболување од епидемија и тоа што се заболени од редовни гастроентерити“, кажа тој.

И покрај намалувањето на бројот на пациенти, водата од гостиварскиот водовод сè уште не смее да се користи ниту како техничка вода бидејќи последните анализи покажале недоволно ниво на резидуален хлор. За да се издаде дозвола за техничка употреба, неопходно е редовните тестирања на повеќе мерни места да потврдат дека хлорирањето конечно го достигнало задоволителното и безбедно ниво.

„За водата да биде безбедна до одреден степен се гледа колку хлор има во водата, а тоа уште го нема постигнато посакуваното ниво. Се прават редовни анализи на водата на повеќе мерни места во моментов, а кога хлорирањето ќе биде на задоволително ниво ќе биде дадена дозволата за употреба за техничка вода“, вели Клековски.

По информациите оти и водата во Лешок е неисправна и не треба да се пие, при денешната посета на Специјализираната болница, Клековски рече оти тоа не е никаква тајна, бидејќи оваа состојба трае повеќе од една деценија и оти за надминување на овој проблем, болницата со години користи диспанзери за вода за пиење, додека пак месното население е целосно запознаено со ситуацијата и ги следи упатствата од надлежните.

„Се очекува во текот на неделата да се направат две проби за да се види дека и таа вода од водовод веќе нема да биде техничка, туку ќе биде и за пиење не само за болницата туку за целото населено место“, заклучи тој.

Изминатите денови, од опозицискиот СДСМ посочија дека случајот во Гостивар не е изолиран случај туку дека станува збор за системски слабости и неефикасност на институциите. Повикувајќи се на извештај од „свиркачи“, претседателот на СДСМ Венко Филипче изјави дека водата во Специјализираната болница за белодробни заболувања и туберкулоза во Лешок била загадена. Тој побара итен вонреден надзор и анализи на сите водоснабдувачки системи во државата.

„Никој не реагирал. Официјални документи од Центарпт за јавно здравје Тетово. Примерок од чешма од болницата во Лешок каде што се лечат луѓе – 51 колиформна бактерија на 100 милилитри вода. И пишува дека не соодветствува на квалитетот на вода за пиење. Па, добро, знаат ли овие луѓе што прават? Какво е ова менаџирање на институции, што е целта – да се загрози здравјето на сите луѓе во државата?“ рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Водата во Гостивар сè уште не е…

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска од…

Македонска државјанка уапсена во Црна Гора откако,…

Жена од Македонија е уапсена денеска во…

Возач со германски мерцедес не застанал и…

На 24.07.2026 во 16:50 часот на булевар…

Малолетник со убодна рана на градниот кош…

На 25.07.2026 во 01:12 часот во СВР…

Американец најден починат во хотелска соба во…

Вчера околу 08:00 часот во СВР Скопје…