Муцунски: Ќе бидеме прва земја во Европа која ќе има сесија на стратешки дијалог во Вашингтон
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на Телма, истакна дека партнерството со Соединетите Американски Држави претставува стратешко партнерство од клучно значење за државата.
Тој најави дека на 7 април Република Македонија ќе одржи сесија на Стратешкиот дијалог во Вашингтон.
– Ќе бидеме прва земја во Европа која во рамки на оваа администрација ќе има сесија на стратешки дијалог во Вашингтон, истакна министерот Муцунски.
Министерот информираше дека делегацијата која ќе патува во Соединетите Американски Држави ќе биде предводена од него, како шеф на делегацијата, а во неа ќе бидат вклучени и министрите за внатрешни работи, одбрана, дигитална трансформација и енергетика.
Муцунски изрази очекување дека Стратешкиот дијалог ќе отвори сериозни дискусии во областа на одбраната и безбедноста, трговската и економската соработка, како и дека ќе донесе конкретни бенефити за граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски: Ќе бидеме прва земја во Европа…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
САД размислуваат да испратат до 10.000 дополнителни…
САД размислуваат да испратат до 10.000 дополнителни…
Трамп: Русија и Украина имаат шанса за…
Русија и Украина имаат шанса да постигнат…
Виткоф: Постојат „силни знаци“ дека САД ќе…
Специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, вели…
(Видео) Трамп: Ми велат да бидам следниот…
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека…