(Видео) Трамп: Ми велат да бидам следниот врховен лидер на Иран, но не го сакам тоа
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Иран има голема желба да постигне договор со САД, но не го признава тоа јавно поради стравот каква ќе биде реакцијата на сопствениот режим и од американската страна.
„Преговараат и многу сакаат да постигнат договор, но се плашат да го кажат тоа бидејќи мислат дека ќе ги убијат нивните луѓе. Се плашат и дека ние ќе ги убиеме“, изјави Трамп.
Во изјавата, Трамп вели дека му било понудено да биде врховен лидер на Иран, но рекол дека не го сака тоа.
„Никогаш не постоел лидер кој помалку ја сака таа работа од оној што го води Иран. Слушаме што зборуваат многу јасно. Велат: „Би сакале вие да бидете следниот врховен лидер.“ Не, благодарам, не го сакам тоа – рече Трамп.
Неговите изјави доаѓаат во време на продолжени тензии и војна во регионот, како и зголемени шпекулации за можен договор меѓу Вашингтон и Техеран.
Иранската страна во последните денови јавно ги отфрла тврдењата дека води преговори со САД, додека Трамп тврди дека има напредок и дека договор е возможен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски и додели орден на Меланија Трамп…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на првата дама…
Иран се заканува со ракетни напади врз…
Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…
Галибаф: Американците на изборите рекоа „не“ на…
Главниот ирански преговарач со САД, Мохамад Багер…
Обама: Американскиот народ испрати порака дека сака…
Поранешниот претседател на САД – Барак Обама,…
(Видео) ИРАНСКАТА ДРЖАВНА ТЕЛЕВИЗИЈА ЕМИТУВАШЕ УПАТСТВА ЗА…
Иранската државна телевизија и медиумите во земјата…