На бебе со ножици му бил отсечен дел од прст на Клиниката за гинекологија, од ГАК го истражуваат случајот и најавија најстроги мерки

t

Сериозен случај е пријавен на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопјe (ГАК), каде што на бебе старо два дена со ножици му бил отсечен дел од прст. Бебето веднаш било пренесено на Клиниката за детска хирургија каде било оперирано.

За случајот информираше таткото на бебето, Аднан Азизи, кој раскажа што се случило, објави Газета шнета. Тој вели дека инцидентот се случил додека се обидувале на бебето да му ја отстранат инфузијата.

„Ми се јави сопругата да дојдам да ги земам од болница. Ги средивме сите документи и додека чекавме да ни го донесат девојчето, се обиделе да му ја отстранат инфузијата, која била прицврстена со леплива лента и завој. При обидот да ја отстранат инфузијата со ножици, му го пресекле прстот“, изјавил Азизи.

Од ГАК го потврдија настанот, за кој велат дека се случил на 16 ноември и дека веднаш по констатирањето на повредата, бил повикан детски хирург, по што новороденчето било префрлено на хируршкото одделение за понатамошно лекување. Оттаму посочуваат дека настанот е евидентиран и пријавен како несакан настан, а во текот на вчерашниот ден случајот бил разгледан од страна на Комисијата за квалитет.

„Нагласуваме дека ваквите настани се третираат со највисок степен на сериозност и дека нема да има толеранција за евентуално утврдени пропусти во постапувањето. Доколку се утврди одговорност, ќе бидат преземени најстроги мерки во согласност со законските прописи. Безбедноста на пациентите, особено на новороденчињата, останува наш апсолутен приоритет, а институцијата ќе постапува транспарентно, одговорно и во согласност со утврдените процедури“ соопштија од ГАК.

Дополнително, за случајот е закажан состанок на Дисциплинската комисија, со цел целосно и објективно утврдување на фактичката состојба, околностите под кои настанала повредата и утврдување на индивидуална одговорност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На бебе со ножици му бил отсечен…

Сериозен случај е пријавен на Клиниката за…

На ГАК годишно се раѓаат од 600…

Ноември е месец посветен на предвремено родените…

По 82 дена во болница, бебето Бисера…

Денес е ден за солзи радосници,  за…

32 бебиња се родиле викендов на ГАК!

Клиниката за Гинекологија и акушерство информира дека…

(Видео) Успешна револуционерна операција на бебе во…

Лекари извршиле револуционерна операција на неродено бебе…