На дело фатени двајца гостиварци додека продавале кокаин
Од СВР Тетово информираат дека се уапсени двајца гостиварци кои продавале кокаин и марихуана.
-Денеска полициски службеници од СВР Тетово – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, постапувајќи по претходно добиени оперативни сознанија, спроведоа акција за спречување на недозволена трговија со наркотични дроги, при што лишија од слобода две лица од Гостивар.
По преземени оперативно-тактички мерки и активности, полициските службеници извршија интервенција во момент на купопродажба на улицата „Беличица“ во Гостивар. На местото на настанот од слобода се лишени Б.И.(42) и С.Ј.(48), двајцата од Гостивар. При извршениот преглед кај лицата биле пронајдени кокаин и марихуана.
По обезбедена судска наредба, извршен е претрес во домот на Б.И., при што биле пронајдени и одземени уште шест опаковки со кокаин, како и парични средства во различни апоени.
Двете лица се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, по што против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од СВР Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На дело фатени двајца гостиварци додека продавале…
Од СВР Тетово информираат дека се уапсени…
ДЕТЕ Е ТЕШКО ПОВРЕДЕНО: МВР со детали…
На 31.10.2026 во 23:00 часот, полициски службеници…
14-годишно дете тешко повредено во напад од…
Физичка пресметка меѓу двајца малолетници во училишен…
Битолчанец (46) пронајден мртов во неговата куќа
МВР информира дека вчера попладне во 14:30…
Девет месеци силувал дете помладо од 15…
СВР Куманово поднесе кривична пријава против лицето…