Над 400 оброци за граѓаните на кои им е потребна помош: Ѓорѓиевски порача дека никој не смее да биде сам
По повод Светскиот ден на борба против сиромаштијата, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со Тони Станковски, претседател на здружението „Љубезност“, поделија повеќе од 400 оброци за граѓани на кои им е потребна поддршка.
Во хуманитарната акција тие се приклучија и на штандот на отец Оливер, а храна беше доставена и до пунктовите на хуманитарната организација „Св. Спас“.
Ѓорѓиевски истакна дека солидарноста и грижата за луѓето во тешки животни ситуации треба да бидат секојдневна обврска, а не само симболичен гест по повод одреден ден.
„Секој човек заслужува достоинство, почит и сигурност дека во тешките моменти нема да остане сам“, порача градоначалникот, заблагодарувајќи им се на Тони Станковски, отец Оливер, волонтерите од „Љубезност“ и „Св. Спас“, како и на сите што несебично помагаат.
Тој нагласи дека како градоначалник има обврска да биде покрај граѓаните, особено кога се соочуваат со најголемите животни предизвици.
„Скопје е град на солидарноста и на големите срца. Таа солидарност живее во секоја подадена рака, во секој споделен оброк и во нашата подготвеност да застанеме покрај човекот кому му е потребна помош“, истакна Ѓорѓиевски.
Градоначалникот најави дека Градот ќе продолжи да ги поддржува иницијативите што обезбедуваат конкретна помош за граѓаните, нагласувајќи дека вистинската големина на еден град се препознава по грижата што ја покажува кон своите жители.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Светлана Колариќ нов Претседател на Советот на…
Општина Кисела Вода доби нов Претседател на…
Ѓорѓиевски контpa урбаната мафиja: За Paсадник ќе…
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,…