Напад врз ученик пред средно училиште во Скопје: Според пријавата, едно лице извадило пиштол

t

Шеснаесетгодишен ученик бил физички нападнат од две лица за време на големиот одмор пред средно училиште во Шуто Оризари. Според пријавата во полиција, едниот од напаѓачите извадил пиштол, но не пукал.

Случајот го пријавил таткото на малолетникот, Р.С. (41) од Скопје, на 19 октомври околу 16 часот во СВР Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој навел дека нападот се случил пред училиштето во кое учи неговиот син.

Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Напад врз ученик пред средно училиште во…

Шеснаесетгодишен ученик бил физички нападнат од две…

Клековски: Констатирани прекршоци на Клиниката за неврологија…

Министерството за здравстов побара проширување на надзорот…

Протести во Албанија: Професорите ги поддржаа студентите,…

Универзитетски професори се приклучија на протестите што…

Под притисок на Хрватска, Црна Гора ќе…

Министерството за спорт и млади на Црна…

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира…

По децении запуштеност, спортската сала „Македонија“ во…