Народен правобранител: Вработените во МВР и ЦСР да се обучат за да превенираат семејно и родово насилство
Неопходна е обука на вработените во Министерството за внатрешни работи и центрите за социјални работи за да може поуспешно да одговорат во случаи на семејно и родовно базирано насилство, за да може да се пружи соодветна заштита на жртвите. Ова на денешната прес-конференција го истакна народниот правобранител Фатон Сељами, кој рече дека минатата година најмногу претставки имало од областа на правосудството, потоа од потршувачките права, од областа на работните односи и заштита на детските права.
-Потребна е обука на кадрите кои работат на оваа проблематика и тоа како во министерството за внатрешни работи, така и во центрите за социјална работа за навремено препознавање и постапување по пријава за семејно и родово-базирано насилство, за превенирање на фемициди и заштита на животот и сигурноста на граѓаните, што е основна должност на надлежните институции, изјави Сељами и додаде дека лани имало неколку случаи на фемициди, а кај Народниот правобранител лани пристигнале 9 пријави за семејно насилство.
Канцеларијата на Народниот правобранител минатата година разгледала и постапила по 2.921 претставка, од кои 521 биле од претходната 2024 година.
Истакна дека во случаи на претставки за фемицид констатирале пропусти во институционалната реакција, која согласно утврденото најчесто не е навремена.
-Потребно е да се обезбеди превенција и координирано системско следење на семејства со ризично однесување како и воспоставување механизми кои овозмоуваат рана интервенција и заштита на децата и другите членови на семејството, дури и кога жртвата формално не поднесува пријава, според Сељами.
Тој опиша случај на фемицид каде биле засегнати и двете деца од семејството, а едното од нив било сведок на убисвото на мајката, утврдиле дека Центарот за социјални работи немал сознание за проблемите на ова семејство, а од Министерството за внатрешни работи изјавиле дека жртвата не сакала да поднесе кривична пријава, туку само предупредување. Сепак дел од роднините изјавиле дека имало обиди да се пријави случајот, но барале тоа жртвата да го пријави.
-Оттука потребна е поажурна и неодложна полициска интервенција за заштита на животот и безбедноста на жртвите на семејното насилство, рече Сељами и додаде дека за жртвите да можат да ги пријават случаите сите надлежни институции мора да им гаранатираат безбедност
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Народен правобранител: Вработените во МВР и ЦСР…
Неопходна е обука на вработените во Министерството…
МВР преку снимките од „Пјур“ ќе утврдува…
Полицијата ќе ги бара снимките од камерите…
Тројца полицајци обвинети за „Пулс“ се изјаснија…
Со сослушување на сведоци предложени од одбраната,…
Внатрешна контрола на МВР утврдила дека 39…
Одделот за внатрешна контрола утврдил дека 39…
Девојче кое исчезнало во Скопје најдено во…
16-годишно девојче од Скопје кое родителите го…