МВР преку снимките од „Пјур“ ќе утврдува како биле натепани полицајците кои интервенирале таму

t

Полицијата ќе ги бара снимките од камерите на дискотеката „Пјур“ за да се утврди што се случило во саботата рано наутро при полициската интервнеција. Од МВР за Телма потврдиле дека преку снимките ќе гледаат што точно се случило во моментот кога двајца полициски службеници биле повредени од лица кои биле под дејство на алкохол.

„Доставено е известување со барање за Наредба за снимките во дискотеката, за да ги обезбедиме снимките, а по анализа на истите ке се поднесе соодветна пријава“, стои во одговорот од МВР.

Независниот полициски синдикат пак, преку соопштение тврди дека интервенирал висок функционер за да се промени правецот на истрагата бидејќи двајца полицајци се нападнати и повредени.

„Целосно сме запрепастени од одлуката на обвинителството лицата да бидат ослободени и да не бидат изведени пред суд по итна постака, иако првично биле дадени насоки за тоа, за што нашите информации велат дека оваа одлука била променета откако интервенирал висок функционер од Владата, по што бил променет и обвинителот. Во настанот дополнително бил вклучен и одделот за внатрешна контрола која сега наместо вина кај лицата ќе истражува за работата на колегите“, реагираше Синдикатот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…

БРАВО! 18-годишен делчевец пронашол лични документи и…

Пример за чесност и граѓанска одговорност: 18-годишен…

МВР најави зголемена употреба на дронови за…

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека…

МВР: Две кумановки и пет банкарки осомничени…

Од МВР информираат дека е поднесена кривична…

МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90%…

Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во…