Насилство во Валандово: Маж ја претепал сопругата, нападнал полицаец, дома криел арсенал оружје

t

Вчера во 17:40 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово лишија од слобода 72-годишен жител на Валандово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 68-годишна сопруга и ѝ нанел повреди на телото.

При преземање на службени дејствија, лицето агресивно се однесувало и кон полициските службеници, при што нападнал еден од нив. Лицето е задржано во Полициска станица, а подоцна со негова дозвола е извршен и претрес во неговиот дом, каде се пронајдени и одземени три пиштоли, една ловечка пушка, 45 куршуми и седум ловечки патрони, кои нелегално ги поседувал.

За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Насилство во Валандово: Маж ја претепал сопругата,…

Вчера во 17:40 часот во Валандово, полициски…

Jаневска: Одливот на мозоци да го претвориме…

Високото образование треба да обезбеди нашите општества…

„Проучував психопати, сметам дека е доблест да…

Коста Кецмановиќ денеска продолжи со своето сведочење…

Соочени сме со најтешката индустриска криза во…

Претседателот на Меѓународната трговска комора, Џон Дентон,…

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЦЕНА НА НАФТАТА ОД…

Администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп,…