Jаневска: Одливот на мозоци да го претвориме во „циркулација на мозоци“
Високото образование треба да обезбеди нашите општества да се развиваат и управуваат врз основа на фактичко знаење, како и на расудување и творечко размислување. Вакви универзитети се цел на сите нас во регионот, порача министерката за образование и наука Весна Јаневска на отворањето на дводневната конференција „Мостови кон иднината: Интернационализација на високото образование на Западен Балкан и Југоисточна Европа“ во Скопје, која МОН ја организира во партнерство со Регионалниот совет за соработка и Светската банка.
Таа посочи дека крупните геополитички промени што се случуваат ја јакнат свеста во мали држави како нашата дека образованието е нашата најсигурна инвестиција и дека иднината на нашите економии, нивната одржливост и отпорност зависи од нашата решеност и умеење да направиме квалитетно високо образование.
– Advertisements –
Министерката додаде дека нашата умешност треба да ја покажеме во обезбедувањето механизми за претворање на одливот на мозоци во „циркулација на мозоци“.
-Не е целта да спречиме мобилност, туку да ја претвориме во процес во кој студентите и професорите заминуваат, но се враќаат со нови знаења, контакти и идеи, рече министерката Јаневска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пијан охриѓанец возел електричен тротинет, паднал и…
Синоќа во 23:30 часот во СВР Охрид…
Техеран ќе ги користи метро-станиците како засолништа…
Жителите на иранскиот главен град Техеран ќе…
Канада го забрзува економското оддалечување од САД,…
Канада ќе ги забрза напорите за намалување…
Сириско училиште ги раздели момчињата и девојчињата…
Сириско училиште одлучи да ги раздели момчињата…
Судир меѓу полиција и демонстранти на протест…
Протест пред албанскиот Парламент, придружен со судир…