Насловот бил за внатрешна употреба во Британија, тврди Владата која вели дека нема да има мигранти
Македонската Влада негира дека води преговори со Велика Британија за прифаќање на мигранти кои се одбиени за азил, а кои во земјава би биле депортирани во „центар за враќање“, според планот за отворање такви центри на Балкано, пренесува СДК.
Британскиот весник „Тајм“, а потоа и „Дејли мејл“ и другите британски медиуми, денеска објавија дека неуспешните баратели на азил би можеле да бидат депортирани во Македонија според новиот план за намалување на преминувањата низ Ла Манш. Весникот вели дека Македонија влезе во формални разговори со Велика Британија за да биде домаќин на „центар за враќање“ на мигранти наесен. „Тајмс“ вели дека според предлогот, Велика Британија би ѝ плаќала на Македонија за секој мигрант што ќе го прифати, покрај инвестирањето во земјата и помагањето во нејзината безбедност од Русија. Мигрантите потоа би имале можност да побараат азил во Македонија или да добијат работни визи за работа во сектори со недостиг на работна сила. Тие нема да бидат притворени и би имале можност да заминат кога сакаат.
Владата вечерва ги негираше овие тврдења на британските медиуми.
„Ваквиот напис е за внатрешно-политичка употреба. Единствената вистина е таа што ја кажа и амбасадорот на Британија во Македонија Метју Лосон во јавна изјава во мај, кога категотично ги отфрли тврдењата дека Македонија ќе прифаќа мигранти“, изјави портпаролката на Владата Марија Митева за СДК.
Извор: СДК
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Насловот бил за внатрешна употреба во Британија,…
Македонската Влада негира дека води преговори со…
СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во…
Денеска „Тајмс“, еден од најреномираните британски медиуми,…
ГП „Богородица“ затворен поради протест на грчките…
Граничниот премин Богородица – Евзони од 18…
Осомничен за падот на настрешницата уапсен во…
Г.Р. е уапсен во Хрватска, врз основа…
Дронови ги активираа алармите на нуклеарната базa!
Синоќа пет дронови го нарушиле воздушниот простор…