Објавено на:

НАТО спречил тајна руска операција кај клучни подводни кабли – Западот стравува од подготовка за саботажа

t

НАТО сојузниците спречиле руска подводна операција во близина на Свалбард, во Арктикот, која западните разузнавачки служби ја поврзуваат со можност за саботирање на критична комуникациска инфраструктура, објави Reuters.

Според информациите, во операцијата биле вклучени Велика Британија, Норвешка и САД, а активностите биле забележани во текот на пролетта годинава.
Во центарот на вниманието се нашла руската единица GUGI, специјализирана за операции во големи морски длабочини.

Западните служби се сомневале дека руски подводни средства симулираат поставување технологија која потенцијално би можела да се употреби против критичната подводна инфраструктура.

НАТО реагирал и руските пловила биле пресретнати и одвратени од продолжување на активностите. Самите кабли не биле оштетени.
Но локацијата е исклучително чувствителна.

Подводните кабли во областа го поврзуваат архипелагот Свалбард со копнена Норвешка и пренесуваат важни комуникациски и сателитски податоци.

Подводната инфраструктура во последните години станува еден од најранливите делови на современите економии. Огромен дел од меѓународниот интернет-сообраќај и финансиските комуникации минуваат преку кабли поставени на морското дно.

Поради тоа евентуалната саботажа може да предизвика последици далеку поголеми од физичкото уништување на самиот кабел.
Инцидентот доаѓа во период на исклучително високи тензии меѓу Русија и НАТО, а Алијансата веќе ја зголеми контролата на критичната инфраструктура преку операции како Baltic Sentry и Nordic Warden.

Најопасното прашање е што би се случило доколку намерно биде нападната критична инфраструктура на членка на НАТО – и во кој момент таков напад би можел да се смета за доволно сериозен за да го отвори прашањето за колективна одбрана според членот 5.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО спречил тајна руска операција кај клучни…

НАТО сојузниците спречиле руска подводна операција во…

Што да очекувате од новите генерации слушни…

Што да очекувате од новите генерации слушни…

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување…

Ако се прави анализа во последните две…

Тешко повреден е работник од Берово откако…

Работник од Берово на 68-годишна возраст е…

Го натерал 10-годишниот син да пука: Татко…

Полицијата во Уб го уапсила Славко О.…