НАТО ја засили противракетната одбрана
Според соопштението од НАТО, зголеменото ниво на готовност ќе остане на сила сè додека не се намали заканата од „континуираните, неселективни напади на Иран низ регионот“, изјави полковникот Мартин О’Донел, портпарол на Врховната команда на сојузничките сили во Европа.
О’Донел во објава на платформата X истакна дека НАТО „совршено ја извршил“ противракетната одбрана во Турција во средата.
За помалку од 10 минути, припадниците на НАТО идентификуваа закана за сојузниците – балистичка ракета, ја потврдија нејзината траекторија, ги алармираа копнените и поморските системи за противракетна одбрана и лансираа пресретнувач за да ја неутрализираат заканата и да ја заштитат нашата територија и населението“, рече тој.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, претходно во четвртокот изјави дека алијансата засега не планира да го активира членот 5 за колективна одбрана поради балистичкиот напад, во време на стравувања дека НАТО би можел да биде вовлечен во војната меѓу САД и Иран.
Руте не даде повеќе детали кога беше прашан за зголемената одбранбена подготвеност во рамките на алијансата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАТО ја засили противракетната одбрана
Според соопштението од НАТО, зголеменото ниво на…
(Видео) Нема единство во НАТО по прашањето…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска…
Македонија игра значајна улога во заштитата на…
Денешните сложени безбедносни околности бараат будност, подготвеност,…
Шефот на НАТО доаѓа во Македонија
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова во вторник ќе го…
Шекеринска: Западен Балкан е од стратешко значење…
Заменичката генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска,…