„Нашиот премиер не би го сторил тоа никогаш“, рече Тошковски за обвинувањата дека Мицкоски ургирал кај Савески

t

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека лично верува оти премиерот Христијан Мицкоски никогаш не би влегувал во какви било незаконски комуникации или пак би влијаел врз некој обвинител за да постапува на одреден начин.

Изјавата доаѓа откако Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го затвори предметот за милионски проневери при јавни набавки на мазут за ТЕЦ „Неготино“, поради недостиг на докази. Во случајот беа обвинети поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, како и бизнисменот и поранешен функционер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и сопственикот на „Пуцко петрол“, Асмир Јахоски.

Премиерот Мицкоски, министерот за правда Игор Филков, како и самиот Тошковски, жестоко реагираа и рекоа дека се шокирани од тоа што предметот е затворен. Но, обвинителката која го водеше, Катерина Коларевиќ, вчера рече дека токму исказите на актуелни претставници на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), овластени од актуелниот директор на државната компанија, дека во набавките немало ништо спорно, биле клучни за да се затвори случајот.

Во меѓувреме, Обвинителството преку соопштение раскажа дека премиерот Мицкоски завчера првпат му се јавил на државниот обвинител Ненад Савески, но и дека не разговарале за случајот со мазутот.

Во гостувањето во „Само интервју“ на телевизијата „Канал 5“, Тошковски беше прашан за телефонскиот разговор, за што опозициската СДСМ обвини дека „премиерот и обвинителот се договарале по телефон за предмети и тек на истрага“.

„Лично познавајќи го премиерот, сигурен сум дека никогаш не би влегол во рамки на одредени комуникации кои би биле незаконски, а камоли, пак, во насока да влијае на кој било обвинител, конкретно дали треба да постапува вака, така или не знам како. Никогаш тоа не би го сторил нашиот премиер“, рече Тошковски.

Тој не верува дека е направена „каква било конкретна неправилност при која било дејност што ја презел Мицкоски во насока на комуникација со јавниот обвинител“.

„Претпоставувам дека сакал да добие изворна информација за она што ја шокираше целокупната македонска јавност, како прв човек на Владата, претставник на македонските граѓани, навистина не гледам ништо спорно во тоа“, рече Тошковски.

Тој додаде дека „има механизми во системот, доколку се увиди дека има некакво нарушување на принципите на работа во Обвинителството“, наведувајќи го примерот на поранешниот обвинител Љубомир Јовески со супензијата на поранешната шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Рускоска. „Ќе видиме како ќе се развива таа работа“, рече Тошковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Прв сериски убиец со дело фемицид…

ОЈО Куманово спроведе предистрага и истрага од…

Српски државјанин е уапсен во Скопје, осомничен…

Во заедничка акција на српското Министерство за…

Мицкоски за уапсениот обезбедувач: Уште еден доказ…

Институциите постапуваат за случајот, законот важи подеднакво…

25 години од почетокот на воениот конфликт…

Денеска се навршуваат 25 години од официјалниот…

Гаши: Таа ноќ Кочани и Македонија изгубија…

Некои ноќи завршуваат рутински, некои ноќи завршуваат…