Објавено на:

Најмалку 2.000 луѓе се убиени во Иран – државната ТВ вели дека „терористи ја натерале земјата да му принесе многумина маченици на Бога“

t

Бројот на загинати во протестите што го зафатија Иран во вторникот нагло порасна на најмалку 2.000 убиени луѓе, соопштија активисти, откако Иранците за првпат по неколку дена успеаја да остварат телефонски повици со странство, поради тоа што властите претходно ги прекинаа комуникациите за време на пресметката со демонстрантите, објави „Асосиејтед прес“.

Иранската државна телевизија првпат официјално призна висок број на жртви, наведувајќи дека земјата има „многу маченици“. Водителот прочита соопштение во кое се вели дека „вооружени и терористички групи“ ја довеле земјата до тоа „да му принесе многумина маченици на Бога“.

Американската агенција „Хјуман рајтс активистс“, која и во претходните немири во изминатите години покажала дека изнесува точни податоци, ја објави најновата бројка. Агенцијата се потпира на поддржувачи во Иран кои ги проверуваат и ги вкрстуваат информациите.

Оваа бројка далеку го надминува бројот на жртви од кој било друг бран протести или немири во Иран во последните децении и потсетува на хаосот во времето на Исламската револуција во 1979 година.

Демонстрациите започнаа пред нешто повеќе од две недели, поттикнати од гневот поради лошата економска состојба во земјата, а набргу се насочија и кон теократскиот систем, особено кон 86-годишниот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска им порача на иранските демонстранти да продолжат со протестите и се закани дека „убијците и насилниците во Иран ќе платат висока цена“.

Тензиите помеѓу САД и Техеран ексалираат откако во Иран започнаа масовни протести против режимот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку 2.000 луѓе се убиени во Иран…

Бројот на загинати во протестите што го…

(Видео) Мицкоски го нема: Вучиќ се појави…

Српскиот претседател Александар Вучиќ се приклучи на…

Пожар во стан во Тетово, едно лице…

Голем пожар вчера зафати стан во Тетово,…

„МОЈ ДДВ“ НЕ ГО ДАДЕ ПОСАКУВАНИОТ ЕФЕКТ:…

Иако во моментов не се разговара за…

Николоски: Ударите на Венко Филипче кон Велика…

Времето ја демантираше опозицијата, мигрантите не се…