Најчестите прекршоци на возачите се брзината, полната линија и пешачките премини…

t

Надминувањето на брзината, преминувањето на полна линија, недавањето предност на пешаците, непостапувањето правилно при влез или излез во кружни текови и неправилното паркирање се дел од најголемите прекршувања што ги прават возачите.

„Јас мислам дека рокот од еден месец ќе биде доволен, затоа што граѓаните ќе бидат повнимателни и знаат каде ги имаат најголемите проблеми. Најмногу со брзината, бидејќи сега возат силни автомобили и не размислува колку вози во моментот, но кога ќе се навикне на казните – ќе биде повнимателен. Имаат и еден проблем – не ѝ посветуваат внимание на полната линија каде што преминуваат. Треба да внимаваат на кружните текови, треба да им даваат предност на пешаците, на пешачки премин не доаѓа во предвид – пешакот е приоритет.“, вели Фадил Сабриу, инструктор по возење.

Говорејќи за системот „Safe City“, Сабриу вели дека камерите требало да бидат поставени одамна, но додава дека и општините треба повеќе да обрнат внимание на сообраќајната сигнализација.

„Камерите требаше да бидат поставени уште порано, затоа што тоа е во корист на граѓаните. Кога граѓанинот ќе биде погоден во џеб, тогаш се зголемува вниманието. Што се однесува до сигнализацијата и осветлувањето, имам една забелешка – многу со задоцнување ги цртаме линиите, но во целина постои една средна состојба на сигнализација.“, изјави Сабриу.

Проектот „Safe City“ предвидува камерите во Скопје, Тетово, Куманово и автопатите автоматски да ги регистрираат прекршувањата во сообраќајот, како: надминување на брзината, минување на црвено светло на семафор, истечена документација и неправилно паркирање.

Сопствениците на возилата ќе добиваат СМС или е-мејл со казната и ќе можат да ја платат половината во рок од 8 дена.

Во втората фаза се планира проширување на листата на прекршоци што ќе ги евидентира системот, како и негова примена во целата држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најчестите прекршоци на возачите се брзината, полната…

Надминувањето на брзината, преминувањето на полна линија,…

На e-mail и бројот што сте ги…

Согласно одредбите на Законот за безбедност на…

Демири за ТВ 24: Најпрво треба да…

Илир Демири, пратеникот кој од викендов е…

Дизелот поевтинува од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Милевски веќе не е селектор на Македонија

Од денеска Благоја Милевски и официјално веќе…