Милевски веќе не е селектор на Македонија

t

Од денеска Благоја Милевски и официјално веќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, бидејќи неговиот договор и формално истече, а од ФФМ потврдија дека нема да биде продолжен.

Во својата селекторска ера Милевски ја водеше репрезентацијата на 48 натпревари, остварувајќи биланс од 18 победи, 14 ремија и 16 порази.

„Искрена благодарност до Благоја Милевски и неговиот стручен штаб за досегашната посветена работа, професионалната соработка и постигнатите резултати.

Му посакуваме здравје и многу успех во понатамошната тренерска кариера“, стои во објавата на ФФМ на социјалните мрежи.

Под негово водство Македонија стигна до два мундијалски баражи, а во претходниот игравме финале со Португалија, откако претходно сензационално ја елиминиравме Италија.

Сепак, покрај успесите, зад Милевски ќе останат и двата наши најтешки порази  порази од Англија (7-0) и неодамнешната катастрофа од Велс (7-1) во квалификациите за Мундијалот.

View this post on Instagram

A post shared by Football Federation-Macedonia (@ffmacedonia)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

(Видео) Ристовски: Кога македонски спортист постигнува успех,…

Големите спортски достигнувања не се само лични…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…