„Не мислев дека ќе одат толку далеку, не сакав децата да знаат дека имам толку пари“ – кажал таткото на судијата за парите најдени во ѕидот кај родителите на судијата Ристов

t

Одбраната во случајот против судијата Ѓоко Ристов денеска започна со изведување на своите сведоци, а прв пред судот сведочеше адвокатот Александар Варела, кој ги застапува родителите на Ристов и кој присуствувал на претресот во нивната куќа во Неготино, објави весникот „Вечер“, објави 4news.mk.

Варела сведочел дека бил повикан од братот на Ристов да присуствува на претресот во домот на Здравко и Донка Ристови. Според неговиот исказ, полицијата извршила детален претрес на куќата и помошните простории, при што биле проверувани плакари, фиоки, просторот под креветите, оставата, бочви со вино и ракија, замрзнувач, гаража, резервни гуми, како и просторот околу куќата.

Претресот продолжил и на катот од објектот, каде биле проверени четири соби, а во една од нив полицајците детално го пребарале и оџакот. Според сведочењето, била користена и дополнителна опрема за снимање, а се пребарувала и земјата околу куќата.

Повеќе

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ