Не мора секој да студира, некој треба да остане и кај пештерите ако му е до таму развојот, вели Ина за тие кои оштетуваа студентски дом

t

Оштетувањето на инвентарот во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје предизвика реакција и од Ина Многуфина, која остро го критикуваше несовесното однесување кон јавниот имот и побара одговорност од лицата што предизвикуваат штета.

Нејзината реакција следува откако Министерството за образование и наука соопшти дека во неодамна реконструираниот студентски дом биле регистрирани повеќе проблеми, меѓу кои откорнат радијатор, затната канализација поради фрлање влажни марамици и активирање на противпожарниот аларм поради пушење цигари во собите.

„Во ‘Стив Наумов’ откорнале радијатор, фрлале влажни марамици во канализација и палеле цигари во собите. Како прво, не мора секој да студира, некој треба да остане и кај пештерите ако му е до таму развојот“, напиша Многуфина.

Таа смета дека проблемот е во односот на дел од граѓаните кон јавниот имот, кој го доживуваат како туѓ и затоа сметаат дека можат да го оштетуваат без последици.

„Луѓето кои општествениот имот не го гледаат како нешто во кое имаат дел, туку го гледаат како туѓо и со тоа си даваат дозвола да го оштетат, треба да се носат на лекар. И тоа не треба ние да го платиме, нека си го платат они сами и нека се задолжат“, порача таа.

Многуфина побара штетата да ја надоместуваат оние што ја предизвикале, наместо поправките постојано да се финансираат од јавни средства.

„Да го направи тоа у мој стан додека живее внатре, ќе плати и од дома со извршител и вошките ќе му ги земам“, напиша таа.

Во објавата таа посочи дека уништувањето на јавниот имот не се однесува само на студентските домови, туку и на детските игралишта, клупите, кантите и другите објекти што се одржуваат со пари од буџетот.

„Мора да почне некој да ги плаќа овие девијации врз општествен имот. Која е поентата буџетот да оди за да средуваме по дегенерици, дали домови или лулашки или клупи или канти“, праша Многуфина.

Претходно, МОН реагираше на критиките од Социјалдемократската младина на Македонија за условите во реконструираниот дом „Стив Наумов“, тврдејќи дека дел од проблемите се последица на несовесно користење на објектот, а останатите технички недостатоци се санираат во гарантниот рок.

Од Министерството соопштија дека сите пријавени ситуации се надминати и дека условите за престој во домот се одлични.

објави Скопје1.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не мора секој да студира, некој треба…

Оштетувањето на инвентарот во студентскиот дом „Стив…

Песков најавува преговори за Украина во Абу…

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави…

Ким Џонг Ун пристигна во посета на…

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун пристигна во…

Маск: Украинските елити се збогатија, а децата…

Американскиот претприемач и милијардер Илон Маск објави…

Нафтата Брент достигна 116,72 долари за барел

Цената на суровата нафта Брент го заврши…