Не очекува пријатно време цела недела: Услови за дожд само во вторник
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правec.
Температурата ќе достигне до 30 степени.
Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утрата ќе бидат доста свежи, па така ќе биде потребна и потопла облека во утринските часови кога температурите на повеќе места во Македонија ќе се спуштаат до околу, па и под 10 степени, со исклучок на Скопската котлина, Повардарието и во југоисточните предели каде утринските температури ќе бидат околу 15 степени.
До крајот на новата работна седмица ќе се задржи посвежо и претежно сончево време со мала до умерена облачност во текот на денот. Во вторник наместа во северните делови ќе има услови за повремен дожд. До среда ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а потоа ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не очекува пријатно време цела недела: Услови…
Сончево со мала до умерена локална облачност.…
(Видео) Шега го задоцнила 4 часа летот…
На аеродромот во градот Монастир во Тунис,…
Тесни избори во Шведска: Водат социјалдемократите
Шведските партии од левиот центар, кои ја…
Вучиќ: Србија е подготвена повторно да воведе…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави…
Трамп пак со истото ветување: 5.000 долари…
Во неделата, Доналд Трамп повторно го потврди…