„Не ја турнал од балконот, но ја довел до безизлезна состојба“ – обвинителството бара максимална казна за Стојанче Јовановски

t

Обвинителката Адела Бојчевиќ во завршните зборови побара максимална казна за Стојане Јовановски, кој се товари за три кривични дела поврзани со случајот со падот од тераса на неговата сопруга Ивана и нивната шестгодишна ќерка Катја.

Јовановски е обвинет за нанесување телесна повреда како резултат на семејно насилство, загрозување на безбедноста и наведување на самоубиство.

„Обвинителството предлага максимална казна за сите три кривични дела, не само заради Ивана и Катја, туку и како порака до општеството дека физичкото насилство не смее да се толерира”, рече обвинителката.

Според обвинителството, обемниот доказен материјал покажал дека Ивана подолго време била изложена на физичка и психичка тортура, како и на постојан страв дека ќе остане без дом и без своето дете, што на крај довело до трагичниот исход.

„Обвинетиот не ја турнал од балконот со рацето, но доказите покажуваат дека ја довел во состојба во која таа повеќе не можела да види излез. Последицата е директен резултат на неговото насилство”, посочи обвинителката во завршните зборови пред судот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Не ја турнал од балконот, но ја…

Обвинителката Адела Бојчевиќ во завршните зборови побара…

Еден час пред почетокот, одложено судењето против…

Сведочењето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во…

Ние веќе бевме внатре кога ја местеа…

Пиротехничките средства во дискотеката „Пулс“ биле поставувани…

Окружниот суд во Ерусалим го прифати барањето…

Окружниот суд во Ерусалим го одобри барањето…

Случајот за убиството на Чарли Кирк во…

Тајлер Робинсон, осомничен за убиството на Чарли…