Невреме зафати повеќе делови од Македонија, УХМР издаде итно предупредување
Нестабилното време што беше најавено од метеоролозите попладнево донесе поројни врнежи, грмежи и засилен ветер во повеќе делови од државата, а најпогодени се регионите во централна и јужна Македонија.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека е регистриран развој на поинтензивни атмосферски процеси, особено во Мариовскиот регион и подрачјата источно од Прилеп, каде што временските услови се најнеповолни.
Според најновите податоци од радарските и сателитските мерења, нестабилноста е проследена со електрични празнења, засилен ветер и локална појава на град.
Од УХМР наведуваат дека во западните делови на земјата се регистрирани слаби до умерени врнежи од дожд, додека источно од Кратово има пороен дожд и грмежи. Најизразени се процесите во Мариовскиот регион, каде покрај поројниот дожд и грмежите, е забележана и појава на град.
Надлежните апелираат до граѓаните да бидат внимателни, особено во подрачјата погодени од невремето, поради ризик од локални поплавувања, намалена видливост и силни налети на ветер.
Посебна претпазливост им се препорачува и на возачите кои се движат низ погодените региони, со оглед на можноста за брзи промени на временските услови и отежнат сообраќај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Невреме зафати повеќе делови од Македонија, УХМР…
Нестабилното време што беше најавено од метеоролозите…
Бугарија да ги отвори вратите за ЕУ,…
Северна Македонија е „заложник на неточна и…
23-годишен скопјанец доби кривична пријава за сообраќајка…
СВР Скопје поднесе кривична пријава за случена…
Токсичниот инсектицид ланате е отровот што деца…
Институтот за судска медицина потврдил присуство на…
33-годишник од Карбинци силувал малолетничка и ѝ…
На 08.06.2026 во 13:50 часот, Полициски службеници…