Невреме зафати повеќе делови од Македонија, УХМР издаде итно предупредување
Нестабилното време што беше најавено од метеоролозите попладнево донесе поројни врнежи, грмежи и засилен ветер во повеќе делови од државата, а најпогодени се регионите во централна и јужна Македонија.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека е регистриран развој на поинтензивни атмосферски процеси, особено во Мариовскиот регион и подрачјата источно од Прилеп, каде што временските услови се најнеповолни.
Според најновите податоци од радарските и сателитските мерења, нестабилноста е проследена со електрични празнења, засилен ветер и локална појава на град.
Од УХМР наведуваат дека во западните делови на земјата се регистрирани слаби до умерени врнежи од дожд, додека источно од Кратово има пороен дожд и грмежи. Најизразени се процесите во Мариовскиот регион, каде покрај поројниот дожд и грмежите, е забележана и појава на град.
Надлежните апелираат до граѓаните да бидат внимателни, особено во подрачјата погодени од невремето, поради ризик од локални поплавувања, намалена видливост и силни налети на ветер.
Посебна претпазливост им се препорачува и на возачите кои се движат низ погодените региони, со оглед на можноста за брзи промени на временските услови и отежнат сообраќај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху: Знаеле дека ќе наредам мобилизација, затоа…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изнесе ново тврдење…
Ердоган остро кон Грција: „Престанете да ги…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати остро…
Русин бил физички нападнат во скопскиот Градски…
Дваесет и петгодишен државјанин на Русија пријавил…
Силно невреме во Струмица, силниот ветер собори…
Силно невреме во Струмица го зафати градот…
Во Кина е поврзан најдолгиот трансокеански мост…
Најдолгиот трансокеански мост во североисточна Кина, мостот…