Некои студенти ги продаваат ваучерите за електронски уреди, додека други се уште ги чекаат – Јаневска остава на совеста на студентите, бидејќи министерството со тоа не може да се справи

t

Дали повикот за ваучери наменет за електронски уреди отвори можност студентите да остварат заработка? Оваа прашање започна да се поставува во јавноста, откако долгоочекуваниот повик за ваучери за студенти, наменет за купување на електронски уреди беше објавен од страна на министерството за дигитална трансформација.

Апликацијата за ваучерите за електронски уреди во вредност од 15.300 денари излезе на 17-ти ноември, на Интернационалниот ден на студентите, а како краен рок за аплицирање е предвиден 20-ти декември оваа година. Правото на искористување на ваучерот е до 31 декември.

Првиот ден мноштвото од студенти се соочија со нефункционалната страна на uslugi.gov.mk, па поради тоа многу од нив не можеа да го остварат своето право. Други пак, кои беа вешти, и имаа повеќе среќа си го презедоа ваучерот, а некои од нив дури беа бизнис ориентирани.

На социјалните мрежи осамнаа понуди на студенти, кои го продаваа нивниот ваучер за пониска цена на други студенти, со образложение дека нив не им е потребен.Министерката за образование Јаневска, прашана за ова изјави дека останува на совеста и свеста на студентите што ќе направат со ваучерите, и дека министерството со тоа не може да се справи.

Правото за искористување на овој ваучер го имаат дури 55 илјади студенти на додипломски студии, а секој од нив може да аплицира на страницата за е-услуги. Според објаснетото, ваучерот е предвидено да се генерира за кратко време, ако се исполнети сите наведени услови.

Сепак некои од студентите кои имаат аплицирано, се уште го немаат добиено ваучерот, а има и такви кои ги нема во системот на МОН. Според насоките, тие студенти треба да извадат потврда за редовен студент од нивниот факултет, и да ја прикачат во самата апликација на uslugi.gov.mk , по што ќе го добијат ваучерот.

Министерство за дигитална трансформација дополнително го објави списокот на продавници каде баркодот, односно ваучерот може да се искористи. Добиениот ваучер се генерира во форма на баркодoт со потврден жиг од Владата на Република Северна Македонија.

Студентите мора лично да го подигнат електронскиот уред во избраната продавница, покажувајќи го ваучерот и нивната лична карта. Денес се појавија слики на социјалните мрежи од полни продавници со студенти, кои чекаат на ред во остварување на оваа студентска мерка.

Овие 55-те илјади ваучери се предвидени за сите студенти до 29 години кои се државјани на Република Северна Македонија и се запишани редовно/вонредно во државна или приватна високообразовна установа во земјата.

Мерката за електронски ваучери се спомна првпат во „100 дена Влада“ од страна на премиерот Мицкоски, заедно со средствата од 10 милиони евра за млади до 29 години за отпочнување бизнис, односно поддршка до 30 илјади евра за младински бизнис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Некои студенти ги продаваат ваучерите за електронски…

Дали повикот за ваучери наменет за електронски…

Интервенции во Старо Нагоричане по надоаѓањето на…

Екипи на водостопанството „Кумановско-липковско поле“, како и…

Шефот на Airbus: Европа мора итно да…

Европските држави треба сериозно да разгледаат развој…

„Ројтерс“: САД бараат од Украина да се…

САД му сигнализираа на претседателот Володимир Зеленски…

Дијана Хрка повикува на блокада на Белград:…

Дијана Хрка, мајкатана трагично загинатиот Стефан во…