Дијана Хрка повикува на блокада на Белград: „Време е да се обединиме“

t

Дијана Хрка, мајкатана трагично загинатиот Стефан во уривањето на надстрешницата на железничката станица во Нови Сад, го поддржа предлогот на превозникот Миломир Јаќимовиќ за блокада на Белград и ги повика граѓаните на Нови Сад да се приклучат.

Како што пренесува Nova.rs, таа истакна дека е време за обединување и организирано делување.

На прес-конференција, Хрка изрази задоволство што Јаќимовиќ и неговиот син го прекинале штрајкот со глад и најави дека вечерта ќе стапат во контакт за понатамошни договори околу протестните активности.

„Го поддржувам неговиот план за блокада, но допрва ќе се договараме. Важно е конечно да се обединиме, да бидеме под еден шатор и да одлучиме како понатаму,“ изјави таа. Како можен модел го спомена и предлогот за блокада во траење до 48 часа.

Хрка, која веќе седумнаесет дена престојува во протестниот шатор пред Собранието на Србија – иако го прекина штрајкот со глад – вели дека останува решена да продолжи со притисокот врз институциите. Шаторот, како што вели, станал нејзинa „втора куќа“.

Таа повтори дека ќе направи сè за да се постигне правдa за нејзиниот син и другите жртви, но и за да се „обедини народот и да се спротивстави на злото“, како што го опишува состојбата во Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црна Гора во пламен: Пожари беснеат во…

Пожари се активни во пет општини во…

Кисела Вода има прилив на првачиња и…

Кисела Вода е општина што има прилив…

Мицкоски: Ширењето паника за водата во Скопје…

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ширењето информации…

Автобус со 84 српски туристи излетал од…

Автобус со 84 патници, сите државјани на…

Спречен нов масовен обид за илегален влез…

Мароканската полиција уапси најмалку 111 лица кои…