Нема зголемување на старосната граница за пензионирање, пензионерите ги спасуваат децата и внуците од сиромаштија

t

Првиот човек на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Никола Мемов вели дека не предложиле до владата да се зголеми прагот за пензионирање во државава. Тој во моментов изнесува навршени 64 години старост за мажи и 62 години за жени. Во интервјуто за „Радио Слободна Европа“, Мемов ја бранеше одлуката за линеарно зголемување на пензиите, со аргументи дека со тоа се штити стандардот на пензионерите.

„Треба да се истакне, и граѓаните треба да знаат дека ова усогласување се прави заради намалување на животните трошоци, односно усогласување на животните трошоци и животниот стандард со покачувањето на ценовните на шокови во општеството и заради зголемување на платите во општиот сектор. Зголемувањето на пензиите значи зголемување на животниот стандард на пензионери.“, рече Мемов.

Но, ако се погледнат бројките на Државниот завод за статистика за сиромаштија во Македонија, пензионерите не се во групата најсиромашни граѓани. Прва група се невработените, па неактивното население, па доаѓаат пензионерите и на крај, како најмалку сиромашни се вработените.

Но, ако овие податоци се вкрстат со табелата за сиромаштија пред и после социјалните трансфери, се гледа дека 40 отсто од македонските семејства би биле под границата на нормално живеење ако нема социјални трансфери и пензии. Сликата драстично се поправа после исплата на пензиите, кога сиромаштијата се намалува за 15 процентни поени (п.п.) и изнесува 25 отсто од населението. Останатите социјални трансфери меѓу кои се детските додатоци, надоместоци за социјална заштита и парична помош за ранливи категории ја намалуваат сиромаштијата само за 2,8 процентни поени.

Во 2023 година, според Статистика, 22,2 отсто од граѓаните и семејствата во Македонија биле под границата на сиромаштија.

Овие податоци покажуваат дека пензиите се пред се социјална категорија, односно им овозможуваат на семејствата каде што има еден или двајца пензионери да не бидат сиромашни.

Првиот човек на ПИОМ, Мемов, на новинарското прашање, зошто се одеше со линеарно зголемување на пензиите, а не се одбра да има поголемо зголемување на најниските пензии, односно за најсиромашните кои се 11,2 отсто од сите пензионери, а останатите 88,8 отсто не се во групата сиромашни, одговори дека ги следеле барањата на Здруженијата на пензионери.

„Видете, барањето на сите релевантни здруженија на пензионери, вклучувајќи го и најголемото здружение, тоа е Сојузот на здруженија на пензионери во Република Македонија, беше во насока на линеарно зголемување на пензиите и Владата тоа го испочитува. На крајот на краиштата, ние како Фонд за пензиско инвалидско осигурување не ги носиме политиките во оваа сфера. Ние сме инструмент за имплементација на политиките што ги усвојува Владата преку Собранието. Владата е таа којашто ги носи овие законски решенија.“, изјави Мемов.

Инаку, според Предлог буџетот за 2026 година, за исплата на пензии од првиот столб, од ПИОМ, ќе бидат потребни нешто над една милијарда и 900 милиони евра. Од придонеси се планира да се соберат нешто над милијарда и 380 милиони евра, односно парите кои што недостасуваат во висина од 520 милиони евра, ќе се обезбедат од буџетот, од другите даноци и давачки кои се собираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема зголемување на старосната граница за пензионирање,…

Првиот човек на Фондот за пензиско и…

Маж избоден во Чациленд во Белград

Рано утрово во шаторската населба „Чациленд“ пред…

Ако мутира, птичји грип би можел да…

Вирусот на птичји грип што се шири…

Внимавајте како возите: Од утре ќе ве…

Од утре стартува системот „Безбеден град, безбедна…

Илир Демири го напушта „Европскиот фронт“, ќе…

Пратеникот Илир Демири ќе делува како независен.…