Илир Демири го напушта „Европскиот фронт“, ќе делува како независен пратеник
Пратеникот Илир Демири ќе делува како независен. Тој за оваа одлука го информирал претседателот на Собранието, Африм Гаши, соопштија од кабинетот на собранискиот спикер.
Демири беше избран за пратеник од шестата изборна единица како кадар на Алијансата за Албанците од крилото на Зијадин Села, партија која на парламентарните избори настапи во Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ.
Одлуката на Демири за независно делување следува откако Села најави дека ја напушта коалицијата со ДУИ.
Централното претседателство, како што соопштија од АА на 18 ноември, одлучило партијата да делува самостојно, а нејзините пратеници во Собранието ќе бидат независна група.
„По суштински и многу важни дискусии, членовите на претседателството едногласно донесоа одлука за автономно делување на Алијанса за Албанците, додека во наредните денови пратениците на АА ќе ја обработуваат во Собранито одлуката за дејствување како независна група“, соопшти централното претседателство на АА (18.11.2025г.).
Во претходниот владин состав Демири ја извршуваше функцијата министер за здравство, од февруари до јуни 2024 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Полициска акција во Куманово: Пронајдени пари,…
Полициски специјалци и истражители утрово спроведуваат претреси…
НОВ БРАН БЕЗБЕДНОСНИ ЗАКАНИ ВО ЕВРОПА: Најмалку…
Нов бран пријави за бомби и сомнителни…
Српскиот динар продолжува да паѓа: Најниска вредност…
Српскиот динар продолжува да ја губи вредноста…
Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната…
Полициска акција во Куманово, неофицијално се истражува…
Засилено полициско присуство е забележано утрово на…