Објавено на:

Нема решение за Газа без иселување на Палестинците, вели израелскиот министер за одбрана

t

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац повторно се заложи за иселување на Палестинците од Појасот Газа, тврдејќи дека без масовна миграција нема трајно решение за енклавата, пренесува Тајмс оф Израел.

На конференција организирана од израелските медиуми „Ynet“ и „Yedioth Ahronoth“, Кац изјави дека Израел е подготвен да организира заминување на Палестинците „по море, воздух и на сите можни начини“. Идејата за присилно преселување претходно предизвика широки меѓународни осуди и предупредувања дека таквиот потег би можел да претставува воено злосторство.

Кац смета дека за реализација на планот би била клучна поддршката од американскиот претседател Доналд Трамп, бидејќи земјите кои би прифатиле Палестинци би барале поддршка од САД. Според него, Трамп не се откажал од идејата, туку само ја „замрзнал“.

Трамп претходно ја разгледуваше можноста САД да ја преземат контролата врз Газа, што би вклучувало отстранување на палестинското население, но подоцна се откажа од таа идеја. Мировниот план на Белата куќа од 20 точки од 2025 година не предвидуваше депортација на Палестинците.

И покрај прекинот на огнот од 10 октомври 2025 година, во израелските напади се убиени 1.296 Палестинци, а повредени се 4.296 луѓе, според минатонеделните податоци на Министерството за здравство во Газа.

Покрај човечки жртви, Израел уништи околу 90 отсто од цивилната инфраструктура во Газа, а ОН проценија дека трошоците за обнова ќе изнесуваат околу 70 милијарди долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема решение за Газа без иселување на…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац повторно…

УХМР: Големо невреме во тиквешијата, а поројни…

Oд Управата јавуваат дека има нестабилно време…

Две лица од Тајван пронајдени мртви во…

Двајца луѓе, кои според информациите од МВР,…

Во Либија полн резервоар гориво чини колку…

Либија има една од најниските цени на…

Германските истражители идентификувале осомничени за нападот со…

Германските истражители идентификувале двајца мажи кои се…