Нема тешки метали во мострите вода од ОУ „Димо Хаџи Димов“
Физичко-хемиската анализа и микробиолошката анализа на водата се во рамките на реферетните вредности, тешки метали во мострите од вода не се пронајдени, по целосно завршените анализите на мострите од вода земени од ОУ „Димо Хаџи Димов“, извести Институтот за јавно здравје.
Во скопското основно училиште „Димо Хаџи Димов“ во средата поголем број ученици од прво до петто одделение пријавиле стомачни болки, а меѓу нив и синот на премиерот Мицкоски.
„Како што претходно известивме за резултатите од мостри од храна и работни површини од истоименото училиште, најдени се фекални бактерии Enterobacteriaceа во мусаката и на неколку површини од кујната и училиштето кои укажуваат на нехигиена во училиштето и кујната. Од добиените седум примероци на биолошки материјал кои ги имаме примено во Институтот за јавно здравје од деца кои јавиле симптоми, шест се позитивни на Norovirus“, велат денеска од ИЈЗ.
Во текот на викендот, приправни и дежурни екипи од ИЈЗ се на работа и ги анализираат добиените мостри, како и биолошки материјали добиени претходните денови од училиштата, се со цел брзо,точно и ефикасно справување со ситуацијата.
За дополнително пристигнатите мостри од другите девет училишта, ИЈЗ ќе информира в понеделник.
Според вчерашните информации на три чешми во училиштето „Димо Хаџи Димов“ е пронајдена фекална бактерија, две во училниците и една во кујната, а истата бактерија е пронајдена и во мусаката од кујната, која укажува на нехигиена. Кај една од вработените во кујна од брис е пронајдена стафилокока, а кај едно дете е откриен норовирус. Норовирус е вирус кој се пренесува преку вода или храна заразена со фекалии и може да егзистира многу долго на работни површини. Постои сомневање дека токму овие извори ги предизвикале наглите и тешки симптоми кај голем број ученици од основното училиште. Примероците од другата испитана храна која ја јаделе децата – млеко, мусли, кроасан, како и водата биле безбедни.
Директорката на ИЈЗ Марија Андоновска вчера истакна и покрај овие наоди сè уште не може целосно да се заклучи причинителот на стомачните тегоби кај децата.
Андоновска информира дека досега имаат 29 пријави и плус една наставничка која се пожалила на стомачни тегоби. Потенцира дека во Детската клиниката биле сместени пет дечиња, а вчера биле донесени плус две деца. Информира дека сите деца се во добра здравствена состојба и се стабилни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема тешки метали во мострите вода од…
Физичко-хемиската анализа и микробиолошката анализа на водата…
16-годишен малолетник со повреди донесен во болница…
На 29.11.2025 околу 02.20 часот во СВР…
Филипче: Производството на струја е спуштено на…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска остро…
Трамп: Воздушниот простор над и околу Венецуела…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска порача дека…
Дете нападнато од родител на соученик
На 28.11.2025 во 20.10 часот во СВР…