Трамп: Воздушниот простор над и околу Венецуела е целосно затворен
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска порача дека воздушниот простор над и околу Венецуела треба да се смета за „целосно затворен“, во најновиот знак на растечките тензии меѓу Вашингтон и Каракас.
Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп предупреди: „До сите авиокомпании, пилоти, дилери на дрога и трговци со луѓе – ве молиме имајте предвид дека воздушниот простор над и околу Венецуела е затворен во целост.“
Одлуката доаѓа по месеци на проширување на американските воени активности низ Латинска Америка, каде што САД распоредија маринци, воени бродови, борбени и бомбардерски авиони, подморници и дронови, во услови на растечки шпекулации дека Вашингтон би можел да преземе воена акција против Венецуела.
Досега американската војска извршила 21 напад врз пловила за кои постои сомневање дека се занимавале со криумчарење дрога, при што загинале најмалку 83 лица кои администрацијата на Трамп ги означи како „нарко-терористи“.
Во четвртокот Трамп најави дека САД „многу брзо“ ќе почнат да преземаат мерки за запирање на осомничените венецуелански нарко-трафиканти и на копно.
Оваа ескалација следи и по одлуката на Вашингтон формално да го прогласи венецуеланскиот „Картел де лос Солес“ за странска терористичка организација, обвинувајќи го претседателот Николас Мадуро и високи државни функционери дека ја водат криминалната мрежа.
Венецуеланската влада жестоко го отфрли овој потег, оценувајќи го како „смешен“ обид да се класифицира „непостоечки“ картел како терористичка група.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бабата на убиецот од Краков: Бил одличен…
Бабата на 24-годишниот Михал О., осомничен за…
Мицкоски: Очекувам аукцијата за отуѓување на акциите…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување…
Приведен е братот на Виктор Орбан осомничен…
Братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан,…
Мајка донела пакет за синот во „Идризово“,…
При редовна проверка на пакет во затворот…
Искршени плочи на гробишта во Скопје по…
По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…