Непочитување на прописите придонело да загине работник во Охрид – поднесено обвинение

t

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен предлог против 2 физички и 2 правни лица за – Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 4 во врска со член 288 став 4 во врска со став 2, Предизвикување општа опасност по член 288 став 5, Повреда на правата од работен однос по член 166 и Непреземање мерки за заштита при работа по член 170 од Кривичниот законик.

Првиот обвинет, одговорно лице во едно од обвинетите правни лица, не постапил според техничките правила за мерките за заштита – предвидени во Законот за градење и со тоа предизвикал опасност за животот на луѓето. Како инвеститор, тој градел зграда, но иако објектот се уште бил во градба, не презел заштитни мерки – лифтовското окно во објектот не го заштитил со заштитна ограда, градилиштето не го одржувал во уредна состојба без непотребен шут и отпадоци, влезот во зградата не го обезбедил за да не влегуваат неовластени лица, а на скалите не поставил огради за да се спречат несакани падови.

На 12 јануари, во утринските часови, во зградата влегле четворица работници ангажирани од второто обвинето правно лице кои заедно носеле дел од мебел. Кога пристигнале на четвртиот кат во зградата во градба,  еден од работниците со ногата се сопнал од кофа оставена во ходникот, изгубил рамнотежа и паднал во окното – отворот во зградата за лифт се до подрумските простории. Од падот се здобил со многу тешки телесни повреди и починал на лице место.

Со обвинението е опфатено и правното лице кое ги ангажирало работниците и неговиот управител, бидејќи свесно не се придржувале кон законот за работни односи и кон мерките за заштита при работа.

Сега починатиот работник Кристијан Љушев го ангажирале без договор за вработување, во целосно непријавен работен однос. Дозволиле оштетениот да извршува работни задачи како помошник монтер без да помине основна обука за безбедност и здравје при работа, без здравствен преглед и на работникот не му дале упатства за работа во специфични услови за работа и при сериозен и зголемен ризик по безбедноста и здравјето на работниците.

Без увид и проценка на работната средина работниците работеле врз основа на усмен работен налог од управителот во работен простор – зграда во изградба, каде постоела зголемена опасности ризик по нивната безбедност. Со ваквото непридржување на прописите за мерките за заштита обвинетиот го изложил и предизвикал опасност по животот на работникот.

Со цел да спречи статусни промени и отуѓување на имотот на правните лица во текот на постапката, јавниот обвинител до Основниот суд во Охрид достави и предлог за определување мерка за обезбедување – Забрана за статусни промени во двете обвинети фирми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Непочитување на прописите придонело да загине работник…

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен предлог…

Гостиварец прободе сограѓанин – доби кривична за…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…

Агресивно се однесувал кон мајка си, приведен…

Четириесет и седумгодишен жител на Гевгелија бил…

49-годишен скопјанец силувал дете под 15 години

Кривична пријава за силување на дете помладо…

Пронајдени пет мигранти од Непал во возило…

Пет мигранти од Непал биле пронајдени во…