Објавено на:

Нетанјаху: Нема прекин на огнот во Либан, продолжуваме со нападите

t

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека „нема прекин на огнот во Либан“ и дека Израел продолжува да го напаѓа Хезболах. Во видео порака до жителите на северен Израел, тој рече дека Израел „продолжува да го напаѓа Хезболах со голема сила“ и дека нема да престане додека не ја врати нивната безбедност.

„Нашите значајни достигнувања, и во Иран и против оската на злото, доведоа до историска промена во позицијата на Израел во регионот. Тие, исто така, доведоа до промени во нашите односи со земјите со кои претходно немавме односи“, рече Нетанјаху.

Израелскиот премиер претходно вчера изјави дека ѝ наложил на владата што е можно поскоро да започне директни разговори со Либан. Тој рече дека разговорите ќе бидат насочени кон разоружување на Хезболах и воспоставување мирни односи меѓу Израел и Либан. Либанските власти побараа привремено прекин на огнот за да се овозможи разговор со Израел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху: Нема прекин на огнот во Либан,…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека…

Нетанјаху вети дека Израел ќе продолжи да…

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху вели дека…

Израел привремено ги прекина нападите врз Иран…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) преку ноќ завршија…

(Видео) Вооружен напад на Израелскиот конзулат во…

Вооружен инцидент се случи во населбата Бешикташ…

Папата го повика Херцог да стави крај…

Папата Лав XIV и претседателот на Израел,…