Нетанјаху вети дека Израел ќе продолжи да го напаѓа Хезболах каде и да е потребно
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху вели дека Израел „ќе продолжи да го напаѓа Хезболах каде што е потребно“ откако ИДФ објави дека го убила Али Јусуф Харши, секретарот на лидерот на Хезболах, Наим Касем.
„Нашата порака е јасна: секој што ќе дејствува против израелските цивили ќе биде цел. Ќе продолжиме да го напаѓаме Хезболах каде што е потребно, сè додека не ја вратиме целосната безбедност на жителите на север“, пишува Нетанјаху во објава на хебрејски јазик на X.
Покрај атентатот врз Хараши, „ИДФ нанесе удар врз серија терористички инфраструктури во јужен Либан: премини што се користат за пренос на илјадници оружја, ракети и лансери, како и складишта за оружје, места за лансирање и командни центри на Хезболах“, додава Нетанјаху, споделувајќи снимки од нападите на ИДФ.
„Продолжуваме да го напаѓаме Хезболах со сила, прецизност и решителност“, вели тој. Борбите меѓу Израел и Хезболах продолжија откако САД постигнаа двонеделен договор за прекин на огнот во вторник со Иран, покровител на терористичката група. Вашингтон, Техеран, Ерусалим и земјите посреднички изнесоа спротивставени тврдења за тоа дали прекинот на огнот се однесува на борбите со терористичката група Хезболах. Хезболах ја презеде одговорноста за лансирањето ракети преку ноќ кон северен Израел, во првите напади откако започна прекинот на огнот, велејќи дека тоа е одговор на големите израелски напади врз Либан вчера, кои ги опиша како прекршување на примирјето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кац: Израелската армија е подготвена да ја…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…
Израел уби висок командант на Хамас во…
Израелската армија во петокот соопшти дека убила…
Израел да се повлече од Либан, а…
Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…
Нетанјаху: Иранскиот режим е на пат да…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска, за време…