Николовски: Не се исплатени субвенциите за овци, ниту за млекото, владата ги остави земјоделците на цедило
Пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски, на Комисијата за финансирање и буџет, упати остри критики кон Владата поради целосно занемарување на земјоделците и неприменување на обврските кои државата ги има кон нив. Особено по предложениот амандман на СДСМ за финансиска поддршка на земјоделците, кој беше одбиен.
Николовски потенцираше дека состојбата во земјоделието е катастрофално лоша, не се исплатени субвенциите, скратени се парите, преполовени се програмите а згора на се се случи и најголемиот корупциски скандал.
„Требаше да одговорите: зошто осум месеци чекаат одгледувачите на овци за исплата на субвенции? Зошто млекото не е исплатено повеќе од две години? Зошто сте ветиле 180 милиони евра, а сега ги излажавте граѓаните, ги кратите субвенциите, и тие ќе бидат под 100 милиони? Зошто и со ребаланс и денеска предлагате многу помали субвенции и преполовена програма за рурален развој? Зошто откупните цени се такви какви што се? Зошто земјоделството не ни е приоритет. Со месеци не се исплаќаат субвенции, исплатата за 2025 не е ни започната, а со предложениот буџет се кратат субвенциите и за 2026 година, што значи дека се крати на сè во земјоделството и дека во 2026 ќе имаме катастрофа во поддршката на земјоделците “, рече Николовски.
Скратена е и програмата за свежо овошје и зеленчук за градинките и училиштата, како и интервенциониот фонд.
Тој потенцираше дека Владата не ја разбира реалноста и избегнува суштинските прашања:
„Ништо не кажавте за ребалансот, кога ги скративте 500 милиони, и денеска овчарите ги чекаат 8 месеци субвенциите. Денеска градинарите селективно се исплаќаат, денеска програмите сите коишто ги донесовте каснат, зелената нафта каснеше. Јас зборувам за таа реалност, ја зборувам затоа што е предмет на дебата. Денеска имаме амандман којшто е конкретен. Меѓутоа, бидејќи не ја разбирате темата, бидејќи не ги знаете фактите, бегате од реалноста, криејќи го најголемиот корупциски скандал којшто ви се случи.“, потенцираше Николовски.
Фрустрирани од тоа што немаат успех и резултати, денес се насочија против над 4.000 мали производители на традиционални македонски производи и против оние што добија грантови од 10.000 евра, додека истовремено донесоа мерка со која големите компании ќе добиваат и по 1 милион евра субвенции, додаде Николовски.
Тој откри и можен нов скандал, се подготвува мерка за винарниците кои за неколку дена откупиле вранец за 10 денари по килограм, а повторно нема ниту еден денар за лозарите, што претставува сериозен корупциски ризик.
-Информациите покажуваат дека на Платежната агенција ѝ се потребни 20 милиони евра за да ја заврши 2024 година, а тие пари ги нема. ЕУ јасно порача дека министерството ги напуштило реформите во шумарството и во извештајот по прв пат бара антикорупциски мерки во ИПАРД 3, рече Николовски
Тој истакна дека во отсуство на резултати од Владата, политичарите треба да понудат решенија и да зборуваат за иднината.
„Во отсуство на такви резултати, во отсуство на она што треба да го испорачате, и фрустрации денеска го слушаме ова. Денеска државата не знае кај оди, денеска не знаете да зборувате за предметниот амандман, и денеска тоа што сте си го напишале, тоа ќе си го верглате. Меѓутоа, времето одбројува, и папките и документите и свиркачите за она што се случувало секако денеска се зголемуваат.“, додаде Николовски.
Николовски ја потенцираше посветеноста на СДСМ кон конкретни решенија и поддршка за земјоделците:
„Јас имам целосно право да зборувам и затоа што сме го работеле и за тоа што го предлагаме денеска, да се вратат одредени состојби и земјоделството да имаат поддршка.“, потенцираше пратеникот на СДСМ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјоделците во Грција од 30 ноември ќе…
Блокади низ цела Грција почнувајќи од 30…
Грчките земјоделци на протести поради стопираните субвенции…
Грчките земјоделци одржуваат протестни демонстрации низ целата…
Земјоделците од Србија в понеделник протестираат во…
Полјоделци од шест асоцијации во Србија објавија…
Палевски на распит во обвинителството
Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…
Левица со апел до земјоделците да пријават…
Деновиве сме сведоци на многу варијации и…