Земјоделците во Грција од 30 ноември ќе започнат со блокади низ целата земја
Блокади низ цела Грција почнувајќи од 30 ноември со постепено проширување до 5 декември на различни локации во земјата одлучија грчките земјоделци на денешниот состанок одржан во близина на Лариса, јави дописничката на МИА од Атина.
На состанокот свикан од Грчкиот координативен комитет за блокади присуствувале претставници на земјоделски здруженија од цела Грција со цел да го финализираат временскиот план на протестите и начинот на дејствување и била донесена одлука да започнат со поставување блокади, како на автопати, така и на други локации.
Активностите ќе бидат утврдени од локалните здруженија, а според грчките медиуми, не е исклучена можноста во планот на земјоделците да бидат вклучени и блокади на гранични премини и пристаништа.
Според истите информации, земјоделците денешните одлуки ќе ги пренесат во нивните општини и региони, по што ќе го одредат начинот на кој ќе учествуваат, додека пак целта на земјоделците од периферијата Тесалија е да постават заедничка блокада на автопатот Атина – Солун.
Главно барање на земјоделците, покрај исплатата на заостанатите субвенции е трошокот на производството, за кој сметаат дека е многу висок и бараат загарантирани цени за нивните производи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Разбиена голема мрежа за даночни измами во…
Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…
Разбиена мрежа за шверц на мигранти во…
Грчката полиција разби наводна мрежа за шверц…
Грција ги забрани социјалните мрежи за деца…
Децата помлади од 15 години во Грција…
Протести и во Грција: Ученици, студенти и…
Грчки студенти денеска поставија шатори во близина…
Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…
Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…