Николоски: На времето беше Спаска Митрова, сега е Ива Михајлова, Бугарија си го руши имиџот како земја на ЕУ

t

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски заминувањето на Ива Михајлова во Бугарија го гледа во контекст на претстојните претседателски избори во земјата, кои се закажани за 25 октомври, и оцени дека на политичките актери во Софија при секој изборен циклус им треба тема поврзана со Македонија што ќе доминира во јавниот дискурс.

Тој во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5, рече дека со тоа што Софија заштитнички се поставила во однос на Михајлова, на која во земјава ѝ се суди за сообраќајна несреќа со смртни последици, нашиот источен сосед самиот си го урива имиџот како земја членка на Европската Унија.

„Мислам дека секој изборен циклус во Бугарија, еве ова е осми во последните четири години, а за два викенди има претседателски избори, носи потреси во односите меѓу двете држави, што не е во ред. Имаа голема политичка криза по која конечно се формира стабилна влада и јас мислев дека со нејзиното формирање колку-толку ќе се стават во некои нормални односи, но со претседателските избори гледаме дека тоа не е така“, рече Николоски.

Случајот со Ива Михајлова, тој го спореди со други претходни лица и организации во Македонија за кои официјална Софија во минатото реагираше дека им се кршат правата во земјава за потоа да бидат маргинализирани или, како што вели вицепремиерот, искористени и фрлени.

„Јас ова го гледам во еден поширок контекст. Овде не се работи за едно девојче кое направило сообраќајна несреќа и очигледно лажира медицински извештаи за да се спаси од кривична одговорност, се работи за еден след на околности на луѓе коишто се искористени и после тоа фрлени. Дали се викал Кристијан Пендиков, дали се викало здружение од Битола, на времето беше Спаска Митрова, паралелно беше она шоу, нема друг збор, на пренесување на коските коишто наводно се од цар Самуил од Солун во Софија, сите тие церемонии, тие спектакли. Оваа влада во Бугарија беше избрана по големи ветувања, не знам какви се со реализација, но штом за претседателските избори не зборуваат за пониска инфлација, за повисок економски раст, нешто за што ние можеме да се пофалиме, туку зборуваат за виртуелни теми за конфликт којшто главно тие го провоцираат тогаш е јасно“, изјави Николоски.

На прашањето дали смета дека Бугарија како држава е инволвирана во бегството на Михајлова, Николоски рече дека тоа ќе го покаже истрагата, но, додаде оти тоа што нема соодветна реакција од Софија, која на некој начин се однесува и заштитнички, многу зборува.

Сепак, како што кажа, со доза на сарказам, очекува дека Бугарија како земја членка на НАТО и Европската Унија, која има развиен систем на владеење на правото ќе ја екстрадира Михајлова во Македонија. Во таа насока тој се повика на денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски кој рече дека порано или подоцна Михајлова и нејзиниот татко, кој исто така се бара со потерница за издржување на 12,5 години затвор во случајот „Детонатор“, порано или подоцна ќе одговараат за тоа што го направиле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Николоски: На времето беше Спаска Митрова, сега…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Нејасни пораки од Брисел за проширувањето на…

Европскиот совет ја одржа долгоочекуваната стратешка дискусија…

Мојсоска oд Кина: Мултиполарноста како реална шанса…

Пратеничката на Левица, Јована Мојсоска, имаше обраќање…

Љубчо пак се излизга за сите пари:…

Лидерот на ВМРО-Народна партија и поранешен македонски…

(Видео) Со полициски пресретнувач фатен мотоциклист кој…

На автопатот Гостивар – Тетово, вчера попладне…