Никој освен Панчо не повика да се напушти “Пулс“ по пожарот, кажа Стево Манасиев, кој порано работел таму како диџеј

t

На денешното рочиште за пожарот во “Пулс“ во Кочани сведочеше и Стево Манасиев, кој порано работел во т.н. дискотека како диџеј.

Тој е еден од повредените, а бил испратен на лекување во Полска. Претходно бил хоспитализиран во Градската болница.

Кобната ноќ бил таму во два наврати, првиот на неколку минути, а подоцна се вратил за концертот на ДНК со пријател, кој бил со синот и внук, кои биле малолетни.

Во објектот вечерта според него имало од 500 до 600 лица.

И тој како и претходни сведоци, потврди дека и порано се користела пиротехника во “Пулс“ и дека истата ја поставувало лице од Скопје, кој не го видел таа вечер.

Во неговото сведочење меѓу друго кажа дека по активирањето на пиротехниката и запалувањето на таванот, прв на сцената реагирал починатиот член на ДНК, Владимир Блажев Панчо, кој на микрофон бил единствениот кој ги повикал гостите да го напуштат објектот, а од времето на активирањето на прскалките до предупредувањето од Панчо, според него, поминале околу пет минути.

Посочи дека присутните не го сфатиле сериозно предупредувањето и повеќето се повлекле кон излезната врата.

Рече дека истото го направил и тој, каде заглавил. Си помислил дека ќе се случи најлошото. Заглавил и неговиот пријател, а децата ги спасил со тоа што ги истуркал напред. Не се сеќава како успеал да го направи тоа, а исто така не се сеќава како се спасил и тој.

Судењето треба да продолжи на 5. февруари, со нови сведоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Никој освен Панчо не повика да се…

На денешното рочиште за пожарот во “Пулс“…

ВУЧИЌ НАЈАВИ ДЕКА СРПСКАТА ВОЈСКА ЌЕ БИДЕ…

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека српската…

Герила акции во Скопје, Струмица и Гостивар:…

Во рамки на проектот „Ново партнерство –…

Добри вести: Возачите ги почитуваат сообраќаните правила…

Почитувани, во текот на вчерашниот ден (01.02.2026)…

Петрова: Оданочувањето на доходите од странство е…

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП),…