ВУЧИЌ НАЈАВИ ДЕКА СРПСКАТА ВОЈСКА ЌЕ БИДЕ ЗАЈАКНАТА СО ИЛЈАДНИЦИ ВООРУЖЕНИ РОБОТИ

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека српската војска ќе биде зајакната со илјадници вооружени роботи, додавајќи дека тие ќе бидат претставени на следната воена парада.

„Оваа година ќе започне нивното производство и за тоа ќе побараме поддршка од кинескиот претседател Шји Џинпинг“, кажа Вучиќ.

Тој го посети Кинескиот културен центар во Белград, каде што беше презентиран роботот „Лука“ на кинеската компанија „Агибот“.

„Ваков робот може да носи 20-30 килограми опрема, а тие кажаа дека во Кина имаат роботи кои можат да носат по 100 килограми. Таму имаат роботи во гранична контрола, на патиштата, а можат и да се вооружат. Така што, на следната воена парада ќе имаме илјадници вооружени роботи и со тоа дополнително ќе ја обезбедиме земјата“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека Србија би можела да стане една од првите земји во Европа која ќе произведува хуманоидни роботи.

„Тоа ќе биде една од најголемите инвестиции во Србија во историјата“, најави тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петрушевски: Судиите на Филипче и Ахмети повторно…

Судиите на Филипче и Ахмети повторно во…

Европската комисија застана зад Туск: Бара од…

Европската комисија застана на страната на полскиот…

Осуденик во затвор успешно заврши средно образование

Осуденик, кој својата казна ја издржува во…

Ѓуров: Гласав за сигурна, стабилна и европска…

„Гласав за сигурна, стабилна и европска Бугарија.…

ФБИ: Северна Кореја е одговорна за хакирањето…

ФБИ соопшти дека Северна Кореја е одговорна…