Објавено на:

Никси го освоија Тексас и по половина век станаа шампиони во НБА

t

Кошаркарите на Њујорк Никси се нови шампиони на НБА-лигата, откако во финалната серија славеа против Сан Антонио спарс со вкупни 4-1.

До решавачкиот триумф Никси стигнаа утринава на гостински терен, совладувајќи го Сан Антонио со 94-90 и така ја комплетираа една од најуспешните сезони во поновата историја на клубот. За тимот од Њујорк ова е трета шампионска титула во НБА-лигата и прва по цели 53 години. Претходно, шампионскиот трофеј го освојуваа во 1970 и 1973 година.

Домашниот состав подобро го отвори натпреварот и уште по првата четвртина имаше двоцифрена предност. Сепак, гостите постепено ја намалуваа разликата, па на полувремето Сан Антонио водеше со 42-37.

Во продолжението се играше израмнето, кош за кош, а пред последната четвртина Спарси имаа предност од седум поени. Но, тогаш следуваше нов голем пресврт на Никси, кои во драматична завршница успеаја да го свртат резултатот во своја корист и да стигнат до четвртата победа во серијата вредна шампионски трофеј.

Најефикасен кај шампионите беше Џејлен Брансон со 45 поени, додека значаен придонес даде и Микал Бриџис со 14 поени. Во редовите на Сан Антонио најдобар беше Дилан Харпер со 25 поени, додека Виктор Вембањама натпреварот го заврши со 19 поени и 14 скока.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Никси го освоија Тексас и по половина…

Кошаркарите на Њујорк Никси се нови шампиони…

Јокиќ не запира: Во 24 часа постигна…

Никола Јокиќ еден ден откако оствари рекорд на…

Далас експлодира и го растури Бостон со…

Малкумина очекуваа дебакл на Бостон од Далас…

Почина легендарниот кошаркар Џери Вест – ликот…

Легендарниот американски кошаркар Џери Вест, по кого…

Ке биде ли младиот Андреј Јакимовски вториот…

Најдобриот млад кошаркар на Македонија, Андреј Јакимовски …