Ниту еден обвинет не го добил обвинението вели Давидовиќ за судењето во Кочани
Адвокатот Звонко Давидовиќ, бранител на еден од обвинетите во случајот за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, остро реагираше на начинот на кој е доставено изменетото обвинение. Тој истакна дека Обвинителството направило сериозни пропусти и дека ваквото постапување го одолговлекува процесот.
„Во јавноста постојано се слуша дека адвокатите сакаат да одолговлекуваат. Денеска се покажа дека тоа не е така — Обвинителството прави грешки и ја развлекува постапката,“ изјави Давидовиќ.
Според него, клучниот проблем е што интегрираната верзија на обвинението — која, како што тврди, содржи проширена временска рамка во однос на првичниот документ — не била доставена ниту до обвинетите, ниту до нивните адвокати.
„Ние како бранители не сме обвинети. Во судница сме за да ги застапуваме обвинетите, кои мора да знаат за што се гонат. Ниту еден од нив не го добил обвинението. Како некој ќе се изјасни за вина ако не може да го прочита за што е обвинет?“ праша адвокатот.
Давидовиќ оцени дека ваквото постапување е „несериозно“ и го доведува во прашање фер-постапувањето во процесот, особено во момент кога се очекува официјално изјаснување за вината на обвинетите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ниту еден обвинет не го добил обвинението…
Адвокатот Звонко Давидовиќ, бранител на еден од…
Дали Србија е во опасност да остане…
Нафтена индустрија на Србија (НИС) соопшти дека…
Што „крие“ сефот на бизнисменот Марковски, осомничен…
Отворен е сефот во Србија на бизнисменот…
НАТО повторно ги крена авионите поради „руска…
Романија денеска испрати романски и германски борбени…
Меџити: Меѓу мене и Касами ќе се…
Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити денеска во…