Дали Србија е во опасност да остане без нафта?
Нафтена индустрија на Србија (НИС) соопшти дека рафинеријата во Панчево започнува подготовки за прекин на работата поради недостиг на нафта за преработка, предизвикан од санкциите што Министерството за финансии на САД ги воведе врз компанијата.
Во првата фаза, постројките се ставени во „топла циркулација“, при што процесот се спроведува согласно законите на Србија, внатрешните правила на НИС и најстрогите еколошки и безбедносни стандарди. Компанијата истакнува дека ќе се врати во нормален режим штом ќе се обезбеди достапност на сирова нафта.
НИС исто така посочува дека продолжува со снабдување на домашниот пазар со нафтени деривати од претходно обезбедени резерви и нагласува дека не придонела за воведување санкции кои ја загрозуваат работата на компанијата и социјалната стабилност на над 13.500 вработени.
Народната банка на Србија денеска објави дека, доколку НИС не добие лиценца за работење во предвидениот рок, ќе ги прекине платните трансакции со компанијата за да се заштити стабилноста на домашниот финансиски систем. Гувернерката Јоргованка Табаковиќ посочи дека секундарните санкции би значеле целосно блокирање на сите плаќања, што е сценарио што банката се надева дека ќе се избегне.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црна Гора во пламен: Пожари беснеат во…
Пожари се активни во пет општини во…
Кисела Вода има прилив на првачиња и…
Кисела Вода е општина што има прилив…
Мицкоски: Ширењето паника за водата во Скопје…
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ширењето информации…
Автобус со 84 српски туристи излетал од…
Автобус со 84 патници, сите државјани на…
Спречен нов масовен обид за илегален влез…
Мароканската полиција уапси најмалку 111 лица кои…