Ниту еден сведок денеска не се појави на судењето за пожарот во „Пулс“
На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани не се појави ниту еден сведок на Основното јавно обвинителство.
Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Обвинителството на сведоците Ана Томева и Лина Крстова, вешто лице од областа на психијатријата да им направи психијатриско вештачење за да се процени дали тие може повторно да сведочат или пред Судот да се прочитаат исказите што ги дале претходно во Обвинителството.
Обвинителството исто така не успеало да стапи во контакт со двајца од сведоците, Александра Пепеларовска и Теа Ѓорѓиевска, и за нив Судот прифати да им бидат испратени покани.
Сведокот Дарио Трифунов, пак се наоѓал на студии во Бугарија, а Обвинителството ја немало неговата адреса, па Судот прифати и на него да му биде испратена покана.
На рочиштето беше прочитан исказот на поранешниот менаџер на групата ДНК, Денис Даутовски, даден пред Основното јавно обвинителството Кочани, бидејќи не е достапен на органите на прогон.
Во неговиот исказ меѓу друго вели дека за поставување на опремата бил задолжен починатиот Филип Стевановски.
Тој вели и дека, исто така, починатиот Владимир Блажев Панчо, ги набавил прскалките, а тој видел дека истите ги поставувал Мартин Буцо, а претходно и тој лично.
-Прскалките ги активиравме истовремено, бидејќи далечинското имаше само едно копче. Мислам дека при договарање на настапите, внесот на прскалките беше најавуван кај сопствениците на локалот, но дали било пријавувано до надлежниот орган, не знам, стои во неговиот исказ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ниту еден сведок денеска не се појави…
На денешното рочиште за пожарот во т.н.…
Денес протестираа кулутрните работници: „Причината не е…
Синдикатот на културата денеска одржа протест пред…
МВР: Нема недостиг на обрасци за возачки…
Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира…
Две лица лишени од слобода за семејно…
На 15.04.2026 во 14:00 часот во СВР…
Хегсет: САД ќе се погрижат „Иран никогаш…
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет му…