Денес протестираа кулутрните работници: „Причината не е само правна, туку и длабоко егзистенцијална“

t

Синдикатот на културата денеска одржа протест пред Министерството за култура, откако во изминатите денови предупреди дека Колективниот договор е ставен под удар, а правата и достоинството на културните работници се игнорираат.

Протестот беше најавен како реакција на непочитувањето на договорените права, но и на постапката што ја поведе Уставниот суд за оценување на уставноста на Колективниот договор за култура.

Од СКРМ претходно порачаа дека причината за излегувањето на улица не е само правна, туку и длабоко егзистенцијална. Според синдикатот, Уставниот суд повел постапка врз основа на бројки за платите кои, како што тврдат, не соодветствуваат со сметките на вработените во културата.

Наместо платите да се движат од 45.000 до 128.000 денари, како што било наведено, од Синдикатот велат дека реалната слика е многу поинаква: најниската плата изнесува 32.217 денари, а највисоката 88.964 денари, додека кај околу 80 проценти од вработените платите се меѓу 35.000 и 55.000 денари.

Станува збор, велат од СКРМ, за библиотекари, кустоси, конзерватори, техничари и други вработени кои секојдневно работат со културно наследство, архиви и институции од јавен интерес. Според нив, претставувањето на овие права како „привилегија“ е спротивно на основната логика на трудовото право, особено ако се има предвид дека секторот култура со децении бил без функционален колективен договор.

Од Синдикатот потсетуваат дека Колективниот договор за култура го чекале 30 години, а го преговарале 15. Финансиски почнал да се применува во 2023 година, по што веднаш настанал спор околу начинот на пресметка на платите, што довело и до стотици тужби од страна на вработените. Дополнителна револтираност предизвика и тоа што истиот член од договорот бил оспоруван и во 2021 година, но тогаш Уставниот суд не нашол основа за поведување постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес протестираа кулутрните работници: „Причината не е…

Синдикатот на културата денеска одржа протест пред…

Костадиновска-Стојчевска до Љутков: Ќе земат ли мартовска…

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на собраниската…

Апелација ја укина пресудата против Министерството за…

Апелациониот суд во Битола донесе Решение со…

Левица: Министерот – глумец контра правата на…

Министерот за култура, Зоран Љутков е тотално…

Синдикат на култура: Преседан во културата, министерот…

Министерот за туризам, „културно“, но доста ехидно…