НОВ СКАНДАЛ ВО МЗШВ: Сточарите гневни на министерот Трипуновски

t

Сточарот од село Велушина, Тони Петковски-Паша реагира дека тој како претседател и неговото здружение на сточари „Пелагониско поле“ не биле поканети на средбата на министерот Цветан Трипуновски во Кавадраци со земјоделски и сточарски здруженија на која разговараа за креирање на Програмите за 2026 година.

-Зошто министерот Трипуновски кога доаѓаше во Битолско не бараше нас сточарите од здружението „Пелагониско поле“, мене лично Тони Петковски -Паша, а сега кога ги ‘крои’ политиките за субвенциите за сточарите нас не заобиколи и не ме покани на средбата во Кавадарци. Кои сточари и здруженија ги застапуваат интересите на сточарите? Дали знае министерот дека 90 проценти од сточарите не се запознати што се зборуваше на средбата во Кавадарци и што капа ни се крои? Дали не е срамота сточарите што активно работат да не знаат што мерки ќе се носат. По кој клуч ги биравте здруженијата да присуствуваат на средбата, па нас што не заобиколивте? Дали сега кога ќе доаѓате во Битолско пак ќе не побарате за да одите по нашите фарми и да се сликате?-, реагира Тони Петковски -Паша за „Зелена берза“.

Во саботата министерот Цветан Трипуновски одржа работен состанок со претставници на околу 30-тина земјоделски здруженија, како што објави разговарале за предлог програмите за 2026 година, за приоритетите и предизвиците со кои се соочува земјоделскиот сектор.

-Претставниците на здруженијата ги изнесоа своите гледишта и предлози, кои од страна на Министерството ќе бидат внимателно разгледани при креирањето на идните мерки и политики што ќе одговорат на реалните потреби на земјоделците и ќе придонесат за развој на земјоделството, објави Трипуновски.

По објавата веднаш јавно реагираше и Националната земјоделска мрежа дека и нивното здружение не било покането на средбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НОВ СКАНДАЛ ВО МЗШВ: Сточарите гневни на…

Сточарот од село Велушина, Тони Петковски-Паша реагира…

Вучиќ: Сакам Србија да биде безбедна и…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес пристигна…

ССМ излегуваат на протести: Се бара минимална…

Нема никаков напредок околу прашањето за зголемување…

Романтиката се претвори во хорор: Прскалки на…

Прскалки поставени на свадбена торта, закачена на…

Величковски: Држава која не гарантира безбедност и…

Остра реакција испрати лидерот на Нова Република,…