Вучиќ: Сакам Србија да биде безбедна и развиена како Обединетите Арапски Емирати
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес пристигна во Абу Даби, каде што на аеродромот го пречека шеикот Мохамед бин Хамад бин Тахнун Ал Нахјан, советник на претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан.
Вучиќ со тоа ја започна својата посета на Обединетите Арапски Емирати, за време на која ќе учествува на церемонијата на отворање на Неделата на одржливост 2026, а ќе одржи и средба со домаќинот на настанот, претседателот на ОАЕ, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан.
Претседателот на Србија на својот Инстаграм профил напиша дека со нетрпение очекува средба со претседателот на ОАЕ и му се заблагодари за поканата да учествува на еден од најголемите глобални собири посветени на одржливиот развој, кој, како што нагласи, носи порака за споделена одговорност за иднината на планетата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителството бара притвор за сопственикот на „Информер“
По сослушувањето на Драган Ј. Вучичевиќ, кој…
ДРЖАВАТА ЗАСТАНА ПРОТИВ НЕЗАКОНСКИТЕ НАПЛАТИ НА БРЗИТЕ…
Над 26.000 македонски граѓани кои користеле услуги…
Митева: Владата најбргу што може ќе го…
Владата најбргу што може очекува да го…
Утврдени големи неправилности -ќе има казни: Пазарниот…
Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во изминатите три…
Приведен осомничен за убиството кај Смилковско езеро
Eдно лице било приведено во рамки на…