Нов случај на западнонилска треска и во Арачиново, бројот на случаи се искачи на 34
Бројот на потврдени случаи на западнонилска треска во Македонија достигна 34, откако се регистрирани уште три нови случаи, соопшти Центарот за јавно здравје.
За првпат оваа сезона вирусот е регистриран и кај жител на Арачиново. Епидемиологот Љуљзиме Бајрами посочува дека во оваа општина постојат услови погодни за размножување на комарците, поради присуството на канали, базени и застојани води.
„Нов случај денеска имаме во Арачиново, првпат таму е детектиран случај. Има канали, базени, застојани води и можеби тоа е причината. Постојат услови за размножување на комарците“, изјави Бајрами.
Најголем број случаи досега се регистрирани во општините Кисела Вода и Аеродром, а речиси половина од вкупниот број заболени се поврзани со населбата Драчево.
Бајрами посочи дека превентивните мерки треба да започнат порано следната година. Според неа, потребно е навреме да се спроведе дезинсекција, но и да се направи анализа за евентуална отпорност на комарците на средствата што се користат.
Доколку се утврди отпорност, како што посочи таа, средствата за третирање би требало навреме да се променат со цел поефикасно да се спречи ширењето на вирусот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов случај на западнонилска треска и во…
Бројот на потврдени случаи на западнонилска треска…
Полицијата пукаше во Арачиново, возач со камион…
– На 24.05.2026 околу 12:00 часот на…
МВР, шумската полиција и „Национални шуми“ во…
Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов,…
Малолетник повреден од остар предмет во училиште…
На 23.04.2026 во 10:30 часот во СВР…
(Видео) Гори дива депонија во Арачиново –…
Загрижени граѓани испратија видео до редакцијата на…