Објавено на:

Нов удар врз нафтениот пазар: Кувајт превентивно го намали производството на нафта

t

Кувајт превентивно ја намали производството на сурова нафта и протокот во рафинериите поради растечките безбедносни тензии во Персискиот залив, соопшти државната компанија Kuwait Petroleum Corporation (KPC).

Од компанијата наведуваат дека мерката е дел од стратегијата за управување со ризици и обезбедување континуитет во работењето во услови на зголемена нестабилност во регионот, поврзана со конфликтите и нападите на Блискиот Исток.

Во соопштението се посочува дека дополнителна загриженост претставуваат заканите за безбедното движење на бродовите низ Ормускиот теснец – една од најважните светски рути за транспорт на енергенси.

Преку Ормускиот теснец поминува значителен дел од глобалната трговија со нафта, па секоја ескалација на тензиите во регионот може да има директно влијание врз светските пазари на енергија.

Од KPC нагласуваат дека намалувањето на производството е превентивна мерка чија цел е да се минимизираат можните ризици во снабдувањето и логистиката доколку безбедносната ситуација дополнително се влоши.

Кувајт е еден од клучните извозници на нафта во рамките на ОПЕК и дневно произведува повеќе од два и пол милиони барели сурова нафта, поради што секоја промена во производството или транспортот внимателно се следи од глобалните пазари.

Енергетските аналитичари предупредуваат дека доколку тензиите во Персискиот залив продолжат да растат, тоа може да предизвика нов притисок врз цените на нафтата и дополнителна нестабилност на светските енергетски пазари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов удар врз нафтениот пазар: Кувајт превентивно…

Кувајт превентивно ја намали производството на сурова…

Лукоил со известување стави лимит за дизел

На социјалмните мрежи се појави фотографија известување…

Стојанче ја истепал на денот на трагедијата,…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и…

Турски министер за одбрана: Веројатноста за директен…

Турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер изјави…

СДСМ го откажува традиционалниот марш за 8…

СДСМ го откажува традиционалниот марш за 8…