НОВА ЗАКАНА ОД АВГАНИСТАН: Ал Каеда повторно ги отвора камповите за обука
Исламистичката терористичка организација Ал Каеда повторно воспоставила најмалку осум кампови за обука во Авганистан во изминатите три години, откако Талибанците повторно ја презедоа власта, а американските сили се повлекоа од земјата во 2021 година.
За „Вашингтон пост“ ова го потврдиле американски и западни разузнавачки претставници, како и претставници на Обединетите нации, повикувајќи се на информации од безбедносни проценки и извештаи.
Според извештаите на ОН и безбедносните претставници, Ал Каеда и нејзините ограноци воспоставиле најмалку осум центри за обука на авганистанска територија. Во исто време, нови кампови наводно формирале и други терористички организации, меѓу кои и огранокот на Исламската држава.
Разузнавачките и безбедносните претставници тврдат дека милитантните исламистички групи денес имаат свои упоришта во најмалку 14 од вкупно 34 авганистански провинции.
Станува збор за информации што се однесуваат на разузнавачки проценки, поради што претставниците зборувале анонимно. Наводите повторно го отвораат прашањето за безбедносната состојба во Авганистан по враќањето на Талибанците на власт и повлекувањето на американските сили во 2021 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НОВА ЗАКАНА ОД АВГАНИСТАН: Ал Каеда повторно…
Исламистичката терористичка организација Ал Каеда повторно воспоставила…
Мицкоски го сподели Гета: Ова не беше…
Ова не беше само голем музички настан,…
Медведев: Литванија би можела да исчезне од…
Русија ќе мора да реагира ако Литванија…
(Видео) Државата изгради стадион за да го…
Концертот на американскиот рапер Канје Вест во…
Нова инвестиција од 2,5 милиони евра: поранешната…
Во поранешната „Топлана Скопје Север“ се пуштени…