Објавено на:

Нови детали за малата Данка: На автомобилот со кој е прегазена не пронашле нејзина ДНК

t

Ниту на еден предмет запленет во текот на истрагата за случајот на исчезнатата двегодишна Данка Илиќ не е пронајдена нејзина биолошка трага.

Српскиот портал „Нова.рс“ известиле дека досега се извештачени повеќе од 400 траги пронајдени во службеното возило за кое постои сомнеж дека било управувано од страна на Дејан Драгојевиќ и Срѓан Јанковиќ во моментот кога, според признание, го удриле девојчето. Пред неколку денови во обвинителството пристигнале и нови резултати од вештачењето.

На ниту една трага од службениот автомобил нема ДНК од Данка
„Од внатрешната страна на службениот автомобил во Бор се земени повеќе од 500 траги, како и траги од надворешната страна на автомобилот. Досега вештачењата покажаа дека на ниту една од трагите не се наоѓа ДНК од Данка Илиќ, како ниту во самиот автомобил, ниту пак на надворешните делови од возилото“, дознава „Нова.рс“ од Вишото јавно обвинителство.

Да потсетиме, осомничените работници на борската фирма „Водовод“, Јанковиќ и Драгијевиќ на 26 март биле на работна задача кога во Бањско поле исчезнала двегодишната Данка. Според признанието на Драгијевиќ, тие го удриле девојчето со службеното возило, ја задавиле и фрлиле на дива депонија на патот Старобањска, од каде два дена подоцна Дејан со неговиот татко (73) и сега веќе починат брат Далибор (40), наводно ја преместил на друга, сè уште непозната локација.

Полицијата уште трага по нејзиното тело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија бара средства за зголемување на воената…

Германската влада бара дополнителни средства за зголемување…

Русија во Иран испраќа два авиони, хеликоптер…

Рускиот претседател Владимир Путин, наредил испраќање на…

Груевски се огласи на Фејсбук за промената…

Грчките политичари деновиве јавно си раскажуваат меѓусебе…

(Видео) Украина префрла нови резерви во Вовчанск:…

Додека руските сили веќе ја преминаа северната…

Што имало во куферот на Љупчо Палевски…

Љупчо Палевски – Палчо 5 дена веќе…